Macedonian

На светско ниво моментално околу 800 милиони луѓе се борат со недостиг на храна, а околу 45 милиони се на работ на изгладнување. Ова се ужасни податоци во општество каде најбогатите заработиле околу 4000 милијарди долари само во првата година од глобалната пандемија.

Следи изјавата на Интернационалната марксистичка тенденција, и Марксистичката организација „Црвени“, за насилството на Израел против Појасот Газа во изминатите денови, а што продолжува да се засилува. Ние порачуваме: стоп на бомбардирањето, крај на окупацијата, работници и младинци од целиот свет, ангажирајте се и борете се за слободна Палестина како дел од социјалистичката федерација на Блискиот Исток!

Парламентарните избори на Косово, кои се одржаа на 14 февруари оваа година, завршија со убедлива победа на левичарското „Движење за Самоопределување“ Vetevendosje (VV/ВВ). Освоија 47,85% од гласовите, што споредено со резултатот од претходните избори– 27,7%, претставува раст од 20%. Десноцентристичката партија ДПК (Демократска Партија на Косово), основана од Хашим Тачи, заостана со само 17,41%. Буржоаско-конзервативната партија ДЛК (Демократска Лига на Косово), којашто долги години беше на власт на Косово, освои само 13,08%. Друга десничарска партија, Алијансата за Иднина на Косово, предводена од поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај, заглави со само 7,43%. Социјал-демократската

...