Крвава годишнина во Украина: биланс на состојба и перспективи

На денешен ден пред точно 12 месеци руските тенкови ја преминаа границата во Украина. Годишнината од тој настан не помина незабележано. Навистина, зазема многу часови на телевизија и исто толку колумни на страниците на весниците.

[Source]

Двата претседатели, на Руската Федерација и на Соединетите Американски Држави, одржаа долги говори на истата тема, иако, судејќи според содржината, исто како да зборуваа за сосема различни настани што се случуваат во некоја  далечна галаксија.

Во своето годишно обраќање до нацијата Путин изјави дека војната во Украина е предизвикана од намерното дејствување на американскиот империјализам. Ова тврдење беше горко демантирано од страна на Западните медиуми, кои продолжија да ја повторуваат идејата дека ова е „војна на Путин“ – војна предизвикана од мегаломанските тенденции – или вистинското лудило – на човекот во Кремљ.

Одговарајќи на рускиот претседател, Џо Бајден ја увери многубројната публика од обожаватели во Варшава дека НАТО не е агресорот, дека тоа е целосно невино, мирољубиво собрание на благородни љубители на демократијата, кое никогаш никому не му се заканувало.

„Немаме ништо против рускиот народ“, ги уверуваше тој Полјаците. „Не претставуваме поголема закана за нив отколку деца извидници кои тропаат на вашата врата и се нудат да ви ги исчистат прозорците“. И така натаму и така натаму во оваа насока.

А зошто овој симпатичен асортиман на пацифистички деца извидници се вооружени до заби со секое замисливо оружје за масовно уништување познато на човештвото, тоа е, се разбира, чисто за самоодбрана. Бидејќи светот, како што знаеме, е полн со лоши луѓе кои секогаш се закануваат да го урнат нашиот демократски начин на живот.

Навистина сентиментален говор кој ќе послужи да ги смири нервите на полските пријатели на Бајден. Но, пред да дозволиме да нè затишат во длабок сон, треба мирно и рационално да ги испитаме фактите.

Информационата војна

Во секоја војна, владејачката класа мора да ги преземе сите неопходни чекори за да го мобилизира јавното мислење за поддршка на нејзините акции. Затоа од исклучителна важност е да се измисли цела серија аргументи кои служат за обединување на масите зад воената кочија, за да ги убедат, со секакви лаги и измами, дека „ние сме оштетената страна“ и дека „ вистината и правдата се на наша страна“ (како и Бог, кој по некое чудо секогаш е на страната на секоја конфликтна војска).

За таа цел, секогаш е потребно да се докаже дека војната ја започнала другата страна. Ова не е толку тешко да се постигне, бидејќи ако не се случи некој инцидент што го оправдува таквото тврдење, секогаш може вештачки да се произведе. А владејачката класа има во своите раце огромна и моќна машина за пропаганда, што веднаш се мобилизира за таа цел.

Впрочем, прашањето кој пукал прв, кој кого нападнал итн. е скоро неважно, и апсолутно ништо не ни кажува за вистинските причини и содржина на конфликтот.

Сите овие точки се однесуваат на сегашната војна со информации, што во овој конфликт се разликува од своите претходници само по обемноста на својот опсег и дрскоста на нејзините лаги. Непотребно е да се каже дека вистинските причини поради кои се води војна никогаш не се споменуваат.

„Војната на Путин“

Изминатите 12 месеци, со мачна монотонија, секој ден, истата порака ја повторува нашиот „слободен печат“. „Ова е војна на Путин“. Човекот во Кремљ наизменично е прикажуван или како крволочен тиранин со аспирации да владее со светот или човек со неурамнотежен ум, жртва на мегаломански заблуди со која психијатар би можел да помине среќен половина час во длабок разговор. Неприкосновен „лудак“, според британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

Но, ниту еден од овие утешителни описи не одговара. Истиот човек претходно беше опишан како лукав макијавелистички заговорник, кој од ранг на скромен оператор на КГБ, успеа за кратко време да се издигне на чело на една од најмоќните држави во светот.

Може ли навистина да се поверува дека таков човек би ја отфрлил сета претпазливост и би заложил сè на очсјно фрлање на коцка? Тоа воопшто не би било во негов карактер. Нема ниту најмал доказ за поддршка на хипотезата дека Владимир Путин е клинички луд. Таа етикета би била многу поправедно применета на некои од дамите и господата кои во моментов ја имаат највисоката функција во Обединетото Кралство, вклучувајќи го и г-дин Бен Валас. Но, на таа тема ќе зборуваме друг пат.

Дали Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз?

Исто така, се тврди дека Путин сака да ја обнови Руската империја, па дури и СССР. Втората варијанта можеме веднаш да ја отфрлиме како невистинита. Советскиот Сојуз беше она што би го нарекле бирократски деформирана работничка држава.

И покрај дегенерацијата што ја претрпе за време на Сталин, таа сепак задржа многу од најважните придобивки од Октомвриската револуција, имено, национализирана планска економија.

Падот на Советскиот Сојуз, предизвикан од децении на корупција, измами, лошо управување и бирократска неспособност од страна на привилегирана каста функционери, доведе до целосно растурање на планската економија и ликвидација на сето она што остана од поранешната работничка држава.

На нејзино место, она што сега го имаме во Русија е капиталистичка држава во која средствата за производство се во сопственост на олигархија која е 100 пати покорумпирана и погнила отколку сталинистичката бирократија.

Има будали стари сталинисти кои живеат во своите соништа и си замислуваат дека Путин е човекот кој ќе ја врати славата на Советскиот Сојуз. Тоа е тотална глупост. Владимир Путин е дете на контрареволуционерниот, капиталистички режим кој произлезе од урнатините на Советскиот Сојуз и баш тој се залага за одбрана на неговите интереси бидејќи во истиот процес стана невидено богат.

Путин е реакционерен буржоаски бонапартист, чија политика не може да игра прогресивна улога, ниту во внатрешната, ниту во надворешната политика, ниту во мир ниту во војна. Секое двоумење во поглед на ова прашање ќе доведе до најнегативни резултати.

Вистина е дека Путин еднаш го нарече распадот на Советскиот Сојуз „најголемата геополитичка катастрофа на 20 век“. Но, тој исто така рекол: „Секој што не жали за неговото [СССР] уништување, нема срце; секој што сака да го види повторно создаден нема мозок“.

Не би рекол дека оние кои упорно ја шират бајката за тајниот план на Путин за обнова на Советскиот Сојуз, немаат мозок. Тие секако имаат доволно мозок да раскажат приказна која е неверодостојна, но може да донесе одлични резултати за НАТО. На крајот на краиштата, зошто да дозволиме факти да расипат добра приказна?

Идејата дека би сакал да ја врати старата, реакционерна Царска империја е малку поверодостојна, но исто така се заснова на најслабите и глупави претпоставки. Како „доказ“ за оваа теорија се наведува кратко спомнување на Петар Велики.

Оваа чудна теорија е искористена за да се предизвика напад на паника, не само во балтичките земји и Полска, туку и во Финска и Шведска. „Украина беше само прв чекор“, мрачно навести еден поранешен шведски министер за „Гардијан“, „не би ме изненадило ако за неколку години, Естонија и Летонија дојдат на ред“.

Неутралните Швеѓани и Финци веднаш скокнаа во кревет со НАТО. Воопшто не беше изненадувачки. Таканаречениот пацифизам на нордиската буржоазија отсекогаш беше лицемерна фасада, зад која се криеше најциничниот личен интерес.

Шведска навистина остана неутрална и во двете светски војни. Но, подеднакво е точно дека Шведска имаше огромни профити од продажбата на воени материјали на двете страни и се дебело се збогати со приходите од тие крвави пари. Гребнете некој скандинавски пацифист и блиску до површината ќе најдете фрустриран империјалист.

Идејата дека дејствијата на Владимир Путин се мотивирани од некаков грандиозен дизајн за обновување на Царската империја воопшто не одговара на сето она што го знаеме за човекот. Се настојува да му се некој заблуден историски романтизам што тешко одговара на она што го знаеме за неговиот психолошки профил.

Ова воопшто не е резултат на мечтател со романтични визии за минатото или иднината, туку студениот, трпелив и пресметлив начин на размислување на амбициозен професионален бирократ; човек кој го поминал целиот свој возрасен живот трпеливо искачувајќи се по лизгавата скала, скалило по скалило во насока на моќта.

Гардијан го извлече правилниот заклучок од оваа глупост кога напиша:

„Оставајќи го настрана фактот дека руската војска има потешкотии да постигне дури и скромен успех во Украина, напад врз балтичките земји или Полска би ги довел во директен конфликт со НАТО, што е последното нешто што Москва (или Западот) сака“. (Гардијан, 22 август 2022)

Најавените цели на Русија беа прилично умерени: во основа, да ја спречи Украина да влезе во НАТО и да го неутрализира режимот во Киев (Кијив). Дали Западот можеше да го прифати ова? Се разбира, дека би можеле! Тие самите постојано го одложуваа членството на Украина, не само во НАТО, туку и во ЕУ.

Долги години, тие ја прифаќаа неутралноста на Финска. Зошто Украина да не може да биде во слична позиција? Од нивна гледна точка, би имало многу предности во одржувањето пријателски односи со Русија и со Западот. Ако не прифатиле, сигурно имало причини. А такви ги имаше многу.

Агресивен империјалистички сојуз

НАТО не е мирољубива организација чија цел е исклучиво одбрана на Западните демократски вредности. Тоа е, всушност, агресивен империјалистички пакт што постои исклучиво да ги маскира амбициите на неговиот газда, САД, и нивната цел за целосна светска доминација.

Во 1980-тите, кога кризата на Советскиот Сојуз го принуди да преговара со американскиот империјализам, тогашниот советски лидер Михаил Горбачов го прифати обединувањето на Германија – над кое Советскиот Сојуз имаше законско право на вето – само затоа што доби гаранции дека НАТО нема да се прошири откако ќе ги повлече своите сили од Источна Европа.

Лидерите на САД, Велика Британија и Германија гарантираа дека легитимните грижи на Русија околу безбедноста ќе бидат почитувани. Државниот секретар на Џорџ Х. В. Буш, Џејмс Бејкер, го увери својот Советски колега, Едуард Шеварднаѕе, дека во Европа по Студената војна, НАТО повеќе нема да биде воинствен – „помалку воена организација, многу повеќе политичка, [така нема] да има потреба од независна способност“?. Барем така рекоа.

Бејкер понатаму му вети на Шеварднаѕе „железни гаранции дека јурисдикцијата и силите на НАТО нема да продолжат кон исток“. Истиот ден, во Москва, тој славно му кажа на Советскиот генерален секретар дека пактот нема да се помести „ни една педа на исток“.

Лажеше. Ветувањата дека нема да се прошири НАТО траеја само до 1999 година, кога Полска, Чешка и Унгарија беа поканети во пактот. Вкупно 13 источноевропски држави станаа членки на НАТО од тогаш.

А овој мирољубив поддржувач на демократијата и на суверените права на националните држави ги следеше своите агресивни цели со најголема енергија и бруталност. Американскиот империјализам ја поседува најмоќната воена машина во светот. Ја искористи оваа моќ за да ги нападне и да ги уништи сите држави што не можеше да ги контролира.

По распадот на СССР, Американците го искористија хаосот во годините на Елцин за да ја прошират својата доминација на светски размери. Тие интервенираа во областите каде порано доминираше Русија, што никогаш не би се осмелиле да го направат во Советско време.

Прво, интервенираа на Балканот, намерно забрзувајќи го распадот на поранешна Југославија. Ја бомбардираа Србија и се мешаа во нејзините внатрешни работи за да воспостават прозападна влада. Потоа следеа криминалните инвазии на Ирак и Авганистан и неуспешната интервенција во сириската граѓанска војна, што ги доведе во судир со Русија.

Цело време продолжија да ја шират својата контрола врз Источна Европа, проширувајќи го НАТО со вклучување на поранешни советски сателити како Полска и балтичките земји. Толку од ветувањата кои постојано ги даваше Западот дека НАТО нема да се прошири „ни една педа“ на исток.

Ова донесе непријателски воен пакт до самите граници на Руската Федерација. Американскиот империјализам користи многу различни методи за да ја оствари својата цел за доминација во светот.

Аргументот за национален суверенитет, кој сега толку често се користи за да се означи Русија како агресор во случајот со Украина, беше погодно игнориран во случаите на Србија, Авганистан и Ирак.

Тоа требаше да бидат суверени независни држави. Но, тоа не направи никаква разлика за американскиот империјализам, кој бесрамно го наруши нивниот суверенитет и ги бомбардираше и скрши без милост.

Русија и САД

Русија е повеќе од само регионална империјалистичка сила. Нејзините огромни резерви на нафта, гас и други суровини; нејзината силна индустриска база и воено-индустриски комплекс; заедно со нејзината моќна армија и нуклеарен арсенал, во комбинација ѝ даваат глобален дострел што ја доведува во судир со американскиот империјализам.

Вашингтон ја гледа Русија како закана за глобални интереси на САД, особено во Европа. Старата омраза и сомнеж кон Советскиот Сојуз не исчезна со распадот на СССР. Џо Бајден е одличен пример за генерацијата на русофоби останата од годините на Студената војна.

Вашингтон има многу различни оружја во својот склад на контрареволуционерен воен материјал. САД го користи своето огромно богатство за да се меша во внатрешните работи на други земји, бесрамно финансирајќи и поддржувајќи ги опозициските партии, местење избори и соборување на секоја влада што не им се допаѓа.

Таканаречените „шарени револуции“ од 2003 година наваму, доведоа до промена на режимот на државите од поранешниот советски блок, опкружувајќи ја на тој начин Русија со се поголем број држави управувани од влади кои беа доминирани од Вашингтон и непријателски настроени кон Русија.

Но, во обидот да ја вовлечат Грузија во орбитата на НАТО, тие ја преминаа црвената линија. Русија се чувствуваше понижена и загрозена и употреби воена сила за да ги врати Грузијците на место. Воениот пораз на реакционерната клика во Тбилиси требаше да им покаже на Американците дека Русија ги покажува своите мускули и дава отпор кон американскиот империјализам и НАТО.

Тоа беше предупредување за Америка. Но и покрај тоа таа ја продолжи својата агресивна политика. А работите достигнаа пресвртница кога САД се обидоа да ја вовлечат Украина во западната орбита.

„Најсветлата од сите црвени линии“

Западните политичари ги отфрлаат приговорите на Русија како параноични. Тие го опишуваат НАТО како чисто „одбранбен“ сојуз.

Тие тврдат дека одлуката на Русија да оди во војна била чин на „непровоцирана агресија“. Не беше ништо такво. Ставањето членка на НАТО на прагот на Русија беше многу јасен чин на неиспровоцирана агресија и провокација од најбесрамен и дрзок вид. Москва ова немаше да го прифати. Овој факт им беше добро познат на Американците, кои беа однапред предупредени како Русија ќе одговори.

Кога беше покрената можноста Украина да се приклучи на Пактот како полноправна членка на самитот на НАТО во 2008 година, Бил Барнс (сега шеф на ЦИА, кој тогаш беше амбасадор на САД во Москва) напиша во таен депеша? до Белата куќа: „Влезот на Украина во НАТО е најсветлата од сите црвени линии за руската елита (не само за Путин).

Исто така додаде: „Во повеќе од две и пол години од моите разговори со клучните руски играчи, од простаци во темните длабочини на Кремљ до најострите либерални критичари на Путин, сè уште не сум нашол некој што гледа на влезот на Украина во НАТО како било што друго освен директен предизвик за интересите на Русија… Денешна Русија? ќе одговори“.

Американците го натераа Путин во ќош и го принудија да реагира. Путин одговори. Во 2014 година го анектира Крим. Ова се случи скоро без отпор. Тоа беше затоа што имаше поддршка од огромното мнозинство од своето население, кои се идентификуваат како Руси. Овој факт никогаш не се споменува во Западниот „слободен печат“.

Безмилосната антируска политика што ја спроведува реакционерната националистичка клика во Киев, исто така предизвика сепаратистички бунт во Донбас. Подоцна, Русија интервенираше бидејќи бунтовниците се соочија со дивјачки напад од украинските сили. Тоа беше почеток на војната која, реално, оттогаш продолжува, со помал или поголем интензитет.

Фарсата на Минск

Војната во Донбас, која започна во 2014 година, беше речиси целосно игнорирана од Западните медиуми. Но, населението кое говори руски од тој регион оттогаш беше подложено на безмилосно бомбардирање од отворено фашистичката дивизија Азов.

Вкупниот број на загинати во Донбас до 31 декември 2021 година се проценува дека е над 14 илјади, вклучувајќи ги и неборбените воени смртни случаи. Повеќето од смртните случаи се случија во првите две години од војната помеѓу 2014 и 2015 година, кога се водеа големи борби пред договорите од Минск. Сето ова наиде на ѕид од тишина на Запад.

Договорите од Минск требаше да ја менаџираат украинската криза и да избегнат ескалација на конфликтот. Но тоа беше уште една лага. Како што истакна „Њујорк пост“, Путин се чувствувал предаден од Западот: „Се испостави дека никој немаше да ги спроведе Договорите“, се пожали тој. Што навистина беше така.

Западот воопшто немаше намера да ги спроведе одлуките. Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел призна дека Договорот од Минск бил само циничен трик. „Договорот од Минск од 2014 година беше обид да ѝ се даде време на Украина“, изјави таа за неделникот „Ди Цајт“. „Исто така го искористи ова време за да стане посилна, како што можете да видите денес“.

А сепак, истите тие дами и господа ја обвинуваат Русија дека е главната пречка за мирот и стабилноста во Украина.

Аргументот „во одбрана на демократијата“

Претседателот Бајден рече дека неговата посета на Киев „ќе ја потврди нашата непоколеблива посветеност на демократијата, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“. Тоа се три бесрамни лаги во една реченица, што не е лош резултат, дури и за американски претседател.

Аргументот дека Западот ја „брани демократијата“ во Украина е исто лажен колку и лицемерен. ЕУ долго време го одбива влезот на Украина со образложение дека таа трпи како што тие го нарекуваат „дефицит на демократија“.

Гардијан објави дека: „Привлечноста на Украина како модел се ограничени. Таа е длабоко корумпирана, владеењето на правото не постои, а нејзините милијардери олигарси имаат непропорционална моќ“.

Опозициските партии се рутински потиснати и прогонувани. Медиумите се притиснати од строга цензура. Во државниот апарат и вооружените сили се инкорпорирани екстремно десничарски и отворено фашистички организации.

На Комунистичката партија веќе и беше забрането да учествува на изборите, а комунистичките симболи беа забранети по државниот удар на Евромајдан во 2014 година. Во меѓувреме, секоја критика на украинските националистички организации кои соработуваа со нацистите за време на Втората светска војна и извршија етничко чистење на Евреите и Полјаците е забранета, бидејќи тие се сметаат за „борци за слобода“.

Со почетокот на војната пред една година беа забранети и цела низа други партии. Весниците и ТВ станиците се затворени. Цензурата и антидемократските мерки ги засегаат не само оние кои се противат на официјалниот бренд на реакционерен украински национализам, туку и буржоаските националистички противници на Зеленски.

Всушност, прашањата како демократијата, човековите права и националниот суверенитет не се ни најмал интерес за американските империјалисти, освен како евтини пропагандни точки. Тие отсекогаш биле подготвени да ги поддржат најкрвавите и најрепресивните режими, од убиствената диктатура на Пиноче во Чиле до режимот на Саудиска Арабија натопен со крв.

Причината поради која тие се заинтересирани за продолжување на војната, без оглед на сите човечки страдања, нема никаква врска со одбраната на демократијата или која било друга морална кауза. Војната одговара на циничната цел да се ослабне Русија, а тоа им служи на нивните интереси како доминантна светска сила.

Политика со други средства

Клаузевиц јасно тврдеше дека војната е само продолжување на политиката со други средства. Со цел да се појасни идејата за темата што се говори и како се одигрува, потребно е да се концентрираме со сето внимание на фундаменталните процеси, а да се се расплинуваме со шумот на информативната војна или да нужните перипетии на самото бојно поле.

Најважната точка е дека ова е прокси војна помеѓу империјализмите на Русија и САД. Русија не се бори против украинската армија туку против армијата на НАТО, поточно, армијата на државата којашто формално не е членка на пактот, но е финансирана, вооружена, обучувана и екипирана од НАТО, што исто така обезбедува и логистичкна поддршка и витални информации.

Сегашната војна ќе заврши кога политичките цели на клучните играчи ќе бидат исполнети или кога една или двете страни ќе се исцрпат и загубат волјата за продолжување на борбата. А кои се тие цели? Војните цели на Зеленски не се тајна. Тој, според неговите зборови, нема да се помири со ништо помалку од целосно отстранување на руската армија од сите украински земји – вклучувајќи го и Крим. 

Ова стојалиште ентузијастички е поддржано од јастребите на Западната коалиција: Полјаците, Швеѓаните и лидерите на балтичките земји – кои си ги имаат своите интереси на прв план – и секако тапоглавите шовинисти и подбуцнувачи на војна во Лондон, кои ја замислуваат Британија, дури и во сегашната состојба на економски, политички и морален банкрот, како главна светска сила.

Овие дами и господа ја туркаат Украина во продолжување на борбите се до „конечната победа“. Нивната најсмела желба е да ја видат како украинската армија ги потиснува Русите, не само од Донбас туку и од Крим, а со тоа (сонуваат) провокација за пад на Путин и тотален пораз како и целосно распарчување на Руската федерација (иако за ова не говорат толку често во јавноста).

Тие прават многу врева, иако, нема сериозен човек што им обраќа и најмало внимание на овие мувлосани политичари во Лондон, Варшава и Вилнус. Како лидери на држави од втора категорија, ним им недостасува вистинска тежина во водите на меѓународната политика, а тие остануваат да бидат второкласни глумци кои никогаш не играат повеќе од некоја споредна ролја во оваа голема драма.

Само САД е таа која ги плаќа сметките и диктира за тоа што се случува. А барем потрезвените стратези на американскиот империјализам знаат дека овј делириум е само врел воздух. Под некои околности, помалите империјалистички држави можат да играат улога во настаните коишто следуваат, но во конечната анализа Вашингтон е тој кој одлучува. Но неговите политики се најдоа со неки сериозни проблеми.

Санкциите пропаднаа

Марк Твеин забележа во една пригода: „Извештаите за мојата смрт се страшно преценети“. Истото е точно за бројните извештаи на Западниот „слободен печат“ за наводниот колапс на руската економија.

Санкциите наметнати на Русија по нападот врз Украина беа спектакуларен неуспех. Всушност, вредноста на рускиот извоз порасна од почетокот на војната. Иако количината на руските извозни добра се намали како резултат на санкциите, некои држави (Кина, Индија, Турција, ама и некои кои се членки на ЕУ, како Белгија, Шпаниј и Холандија) ја зголемија трговијата со Русија.

Уште повеќе, високите цени на нафтата и гасот ги зголеми доходите што Русија ги изгуби поради санкциите. Индија и Кина купија повеќе од суровините, иако по спуштени цени. Така, изгубениот приход поради санкциите се компензираше со зголемената цена на нафтата и гасот на светските пазари.

Владимир Путин продолжува со финансирањето на армиите од приходите, додека Западот е соочен со енергетската нестабилност во наредните години, со вртоглави трошоци на енергијата и со пораст на гневот на јавноста.

Слабеење на поддршката

Прашањето е: која страна ќе се замори прва во војната? Јасно е дека времето не е на страната на Украина, и на воен и на политички план. И во конечната анализа, последната ќе притисне многу силно насекаде.

Европа е погодена од недостаток на гас и струја, што ја слабее јавната поддршка за војната во Украина. Потоплото време од вообичаено им донесе делумна и времена воздишка, но како што продолжуваат санкциите, проблемите ќе се зголемуваат.

Американската поддршка исто така не треба да се смета здраво за готово. Во јавноста, американската владејачка класа ја одржува идејата за неколеблива поддршка за Украина, но потајно, не се сите убедени за исходот.

Ниту една страна не е расположена за преговори за нешто значајно во моментов. Но тоа ќе се промени. Демагогијата на Зеленски, постојано повторувајќи дека Украина нема да се откаже ниту педа од својата територија, јасно е направена за да се притисне НАТО и империјализмот на САД; со инсистирање дека Украинците ќе се борат до крај, секогаш под услов Заоадот да продолжи да им праќа големи количини пари и оружје.

Да, Бајден би сакал да го пролонгира сегашниот конфликт со цел да се ослабе и поткопа Русија. Но не по секоја цена, а посебно не ако тоа значи директно инволвирање на воен судир со Русија. Во меѓувреме, анкета по анкета покажуваат дека јавното мислење на Западот околу поддршката на војната во Украина полека се намалува.

Украинскиот замор

Во првиот месец од војната, Украинците сакаа да преговараат со Русија. Од тогаш, Зеленски ги отфрли идеите за преговори. Тој кажа повеќе пати дека Украина е само подготвена да седне на преговори со Русија ако нејзините трупи ги напуштат сите делови на Украина, вклучително и Крим и источните области на Донбас, де факто контролирани од Русија од 2014 г., и ако тие Руси кои направиле криминал се судат во Украина.

Зеленски исто така јасно им стави до знаење дека нема да преговара со сегашното руско раководство. Тој дури потпиша указ со кој се дозволува Украина да преговара само со рускиот претседател кој ќе го наследи Владимир Путин.

Овие дрски декларации предизвикаа само иритација во Вашингтон. Вашингтон Пост откри дека службеници на САД ја предупредиле украинската влада во приватни пораки дека „укринскиот замор“ меѓу сојузниците може да се влоши ако Кjиу (ако се следи изговорот на главниот град Киев) продолжи да одбива да преговара со Путин.

Службените лица исто така предупредија дека ставот на Украина на преговорите со Русија се излитува помеѓу сојузниците кои се загрижени за економските последици на продолжената војна.

Во неговите говори во Кијив и Варшава, Бајден ја повтори познатата мантра дека САД ќе ја поддржува Украина „ колку е потребно“. Сепак, сојузниците што се во Европа, а да не зборуваме за тие во Африка или Латинска Америка, се вознемирени од фактот дека војната ги погодува цените на енергенсите и храната како и на синџирите на снабдување. „Украинскиот замор е вистински за некои од нашите партнери“ – истакна еден службеник на САД.

Природно, Американците не можат јавно да кажат дека го притискаат Зеленски. Баш напротив, тие остануваат со ставо за да изгледаат цврсти во солидарност со Украина. Во во стварноста, под фасадата се појавуваат големи напукнувања.

За украинското раководство, прифаќањето на рпеговори би значело понижување и повлекување по многуте месеци на воинствена реторика за потреба од одлучен војнички пораз на Русија со цел долгорочно да се осигура безбедноста на Украина.

Серија на успеси на бојното поле во 2022 година прво во североисточниот регион на Харкив, а потоа и преземањето на Херсон, го охрабри Зеленски да верува во можноста за „конечна победа“. Но, Американците имаат подобро поимање на стварноста и многу добро знаат дека времето не нужно е на страната на Украина.

Дали Путин е во опасност од пад?

Западната пропагандна машинерија постојатно повторува дека Путин само што не е соборен од власта од рускиот народ, кои се заморени од војната. Но, тоа е само пуста желба. Тоа е базирано на фундаментално непознавање. Во сегашниот момент, Путин ја има широката поддршка. Тој не е во блиска опасност од симнување од власт.

Нема значајно антивоено движење во Русија во сегашноста, а тоа кое постои е предводено и насочено од буржоаски либерални елементи. Тоа е токму неговата слабост. Работниците само еднаш ќе погледнат на овие прозападни елементи и ќе го завртат грбот со пцовка.

Војната има општа поддршка од мнозинството Руси, посебно од работниците, иако воопшто не се ентузијасти за тоа. Наметнувањето на санкции и постојаниот проток на антируска пропаганда во Западот, а фактот дека НАТО и Американците ги снабдуваат Украинците со современо оружје, ги потврдува сомнежите дека Русија е опколена од нејзините непријатели.

Единствениот притисок врз Путин доаѓа, не од антивоеното движење, туку напротив, од руските националисти и другите кои сакаат војната да се продолжи со поголема сила и определеност. Сепак, ако војната потрае подолго без значаен доказ за успехот на руската вијска, тоа ќе се промени.

Значаен симптом е протестот на мајките на убиените војници во Украина. Овие се мали по големина и главно се концентрирани во источните републики како Дагестан, каде големиот процент на невработеност значи дека голем број млади луѓе се доброволци во армијата. Ако се продолжи сегашниот конфликт, тие ќе се зголемат во поголеми размери, и со тоа ќе бидат опасност, не само за војната туку у за самиот режим.

Ако бројот на убиени се зголеми, можеме да видиме протести на мајки во Москва и Петерсбург, кои Путин нема да може да ги игнорира и нема да може да ги смири. Ова недвосмислено ќе означи промена на целата ситуација. Но се уште не се материјализирала.

Воените цели на Русија

Објавената цел на Русија беше да се спречи придружување на Украина кон НАТО и да ја „демилитаризира и денацификува“ земјата. Исто така, Путин сакаше неутрална или проруска влада во Украина.

Путин јасно е дека погрешно процени на почетокот, а Русите немаа доволно сили за да ги постигнат тие цели. Дури и задачата да ги зачуваат придобивките во Донбас беа тешко одрќливи, факт што се покажа јасно во украинската офанзива во септември 2022 година.

Но неуспесите на фронтот делуваат да се поправи стимулот. Тие презедоа чекори за мобилизација на силите коишто се потребни. Русија спроведува маосвна мобилизација. Испраќањето на 300 илјадна војска на фронтот драматично ќе ја промени рамнотежата на силите.

Зачестено се повторува дека Русите имаат недостаток на муниција – што е погрешно. Русија има голема и силна индустрија за оружје. Тие имаат значителни резерви на оружје и муниција.

Не е Русија туку Украина и нивните империјалистички поддржувачи се тие на кои им недостасува муниција. САД и своите сојузници испратија близу 50 милијарди долари во помош и опрема на украинската армија во изминатата година. Но, Украинците ги користа своите резерви сѐ побрзо и тие не можат да се надоместат.

Секретарот на НАТО Јенс Столтенберг мораше да признае на неодамнешниот собир на НАТО дека и Украина и НАТО се во опасност од трошење на миницијата и резервните делови за тешкото вооружување. Тој изјави дека Западните сојузници треба да ги зголемат резервите на својата муниција додека Украина се снабдува со оружје коешто им било потребно „да победат во војната“:

„Нема знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир“ – вели Столтенберг. „Тоа што го гледаме е спротивното, тој се подготвува за повеќе војна, за нова офанзива и нови напади. Ова е назабена војна на истрошување и затоа е исто така битка на логистиката. Тоа е голем напор на сојузниците да ја добијат муницијата, горивото, резервните делови, што се потребни. “

Ова признание ја постави наглавачки целата глупава пропаганда што беше повторувана изминативе месеци.

Во меѓувреме, Русите продолжуваат да ги разнесуваат метите низ цела Украина со артилерија, ракети, дронови и проектили; уништуваат воени командни центри, транспортни јадра и инфраструктура, што сериозно ќе попречи на движењето на војската на фронтот.

Светските односи

Војната во Украина не може да се гледа во изолација. Светскиот поредок (поточно, светскиот неред) што постоеше изминативе 30 години по распадот на СССР се доближува до завршницата.

Американскиот империјализам се обидува да ја зацврсти улогата на доминантна светска сила. Но, не им иде без отпор. Русија го предизвикува безбедносниот поредок предводен од САД во Европа, додека Кина го предизвикува во Азија.

Кина се приближи многу кон Русија, затоа што и двете го предизвикуваат американскиот империјализам. Кина неодамна ги пердупреди Западните земји против „додавањето масло на огнот“ во Украина и ги повтори повиците за мировни разговори  пред најавената посета на Моска на најстариот дипломат на Пекинг Ванг Ји.

Овие забелешки беа протолкувани од Вашингтон како закана дека Кинаможе да ја снабдува Русија со оружје. САД испрати лута закана кон Пекинг дека тоа би имало сериозни последици. Ова пак наиде на уште полут одговор од Пекинг. Зошто Америка и своите сојузници можат слободно масовно да ја снабдуваат Украина со оружје, а да ѝ забрануваат на Кина ја испраќа оружје на Русија?

Многу добро прашање, на кое се уште чекаме на одговор,

Геополитичката транзиција започна, наликувајќи на тектонските движење на Земјината површина. А како и тие, треба да се очекуваат земјотреси.

Од пепелта на стариот поредок несомнено се раѓа нова рамнотежа на сили. Но, ќе биде потребно време да се дефинира и нема да се постигне лесно или мирно. Започнува нов период на турбуленција и превирање.

Иако светска војна се отфрла во сегашните услови, ќе има многу „мали“ војни и прокси војни слични на таа во Украина. Тоа ќе ја зголеми општата запаливост и ќе претставува гориво за оганот на светскиот неред.

САД и Европа

Во Европа, САД го користи конфликтот во Украина за својата цел да ги принуди Европјаните да ги прекинат врските со Русија, а со тоа да се зајакне цврстата рака на американскиот империјализам над целиот континент.

Претходно на ова, германската владејачка класа ги користеше своите врски со Русија за да се премости делумната независност виз-а-ви САД.

Другата страна на лостот беше де факто доминацијата врз Европската Унија, што таа се надеваше дека ќе ја изгради како алтернативен блок на сила, способна да се грижи за своите цели и интереси на глобалната сцена.

Под појавата на „Западното единство“ постојат растечки тензии меѓу САД и Европа, кои патем се заострија со оваа војна. Овие тензии излегова на виделина во неодамнешните укази за протекционистичка инфраструктура на САД, со кои дополнително се притиска врз индустриското производство во ЕУ.

Тензиите на САД со ЕУ не се нешто ново. Тие се појавија за време на војната против Ирак, а неодамна и во односите со Иран. Водачите на Франција и Германија секогаш биле сомнителни на блиските односи на САД со Британија, што ја сметаа за американски Тројански коњ во европската унија.

Французите, кои никогаш не се откажаа од своите амбиции да доминираат со Европа, традиционално се погласни со својата антиамериканска реторика. Германците, вистинските господари на Европа, беа повеќе претпазливи, преферирајќи вистински да владејат отколку да празноговорат.

Американците не беа прелажани. Тие ја гледаат Германија, не Франција, како нивен главен ривал, а Трамп посебно не криеше во својата екстремна недоверба и недопаѓање на Берлин.

Со цел да се осигура својата независност од Вашингтон, германските капиталисти влегоа во блиски односи со Москва. Ова ги разгневи нивните „сојузници“ од другата страна на Атлантикот, но им пружи доста погодности во облик на евтини и големи набавки на нафта и гас.

Откако прекинаа овие набавки, тие плаќаат високи цени за да ги држат Американците среќни. Под Ангела Меркел, Германија љубоморно ја сочува својата независна улога. Беше потребна војната во Украина да се дотера Германија на линија – барем за некое време.

За некое време, САД успева да ја користи војната за да ги зајакне канџите врз Европа. Но не е јасно колку долго ќе биде трпението на Германците и другите европјани. Противречностите создадени во оваа ситуација ќе постанат јасни кога стварта со Украина ќе се смири.

Која победа?

Во сегашната војна, пред сѐ, е погрешно да се говори или за руска или украинска победа.  Прво, потебно е да се дефинира поимот победа.

Од страната на Украина, одговорот е едноставен: да се порази воено Русија и да се примора на повлекување на руските сили од сите окупирани територии, како и Крим. Но, иако изгледа едноставна, најголем број воени експерти се сложуваат дека оваа цел е речиси недостижна.

За Русија, нештата се поедноставни. Во теорија, Путин може да прогласи победа ако Русија управува со целиот Донбас и копнената врска со Крим. Но, секако дека тој би сакал повеќе, на пример да ја зазеде Одеса или црноморскиот брег.

Со тоа економски ќе се загуши Украина и ќе се направи вазална држава. Тоа би бил огромен пораз на НАТО и би ги изложил границите на силата на САД. Природно, Американците ќе направат сѐ што е до нивна моќ да не се дозволи тоа. Но, далку од веројатно е дека би биле успешни.

Бајден најави уште една помош за Украина. Но, тоа нема да биде доволно да се завртат работите во војната, којашто моментално е во полза на Русија. Тоа што Вашингтон го сака е да се продолжи со снабдување на доволно оружје да се одржува конфликтот во Украина, а со тоа да се поткопува Русија.

И покрај наметливото покажување, сериозните воени стратези разбраа дека не невозможно Украина да ја победи Русија. Генералот Марк Мајли е 20 Претседател на Заедничката команда, највисоко рангиран воен службеник на САД. Неговите мислење треба да ги сфатиме сериозно кога ќе изјави:

„Така, со оглед на веројатноста, веројатноста за украинска воена победа дефинирана како исфрлање на Русите надвор од Украина , па дури и она што го дефинираат како свое, Крим, веројатноста и тоа да не се случи во блиска иднина не е голема, воено.“

Империјалистите продолжуваат да ја играат својата злокобна игра. Тие се расфрлаат со огновите на војната, доволно да не изгорат, но без да им обезбедат на Украинците доволно да победат.

Фактот дека ова сценарио недвосмислено значи најстрашна деструкција, мизерија, смрт и страдање за безброј луѓе воопшто не допира до нив. Но сѐ има свои граници.

За разлика од империјалните хипокрити, работничката класа на Западот општо е солидарна со страшните страдања на милионите сиромашни на Украина. Тие донираат пари, облека, храна, што тие не можат да ја имаат, за да им помогнат на жртвите на војната. Тие без напор ги отвораат своите домови и споделуваат за бездомните бегалци. И тоа е нивна заслуга.

Но, едно е да се солидаризираш со жртвите на војната. А сосема друга ствар е да се помага, директно или индиректно, циничката политика на империјализмот, што ја искористува мизеријата на милионите мажи, жени и деца за намерно да го пролонгира конфликтот за своите себични интереси.

Нуклеарна војна?

Една од нивите елементи во неодамнешниот говор на Путин е неговата објава за суспензија на учеството на Русија во преговорите за спогодбата за контрола на нуклеарното оружје. Тој понатаму најави дека новите стратешки системи се подигнати на борбено ниво, а се закани за обнова на нуклеарните тестови ако САД почнат први.

Путиновата изјава дека може да размисли за употреба на нуклеарно оружје секако дека е блеф, но неговите зборови веднаш го запалија алармот во Вашингтон и Брисел. Спокојството на Столтенберг, со скаменето лице на Норвежанец кој се замислува дека е Генерален Секретар на НАТО, тогаш покажаа мали знаци на емотивност во врска со изјавата на Путин.

Какви и да се намерите на Американците, вистинската војна со Русија не е една од нив. Директна конфронтација на НАТО и Русија, со сите нуклеарни последици, ќе се избегнува од обете страни по секоја цена.

Американците немаат намера настаните да избегаат од контрола. Токму тоа е причината Американците да имаат неколку отворени канали со Русија, со цел да се надмине било која шанса за неконтролирани настани со несогледливи последици.

Сето тоа му дава тежина на луѓето како Марк Мајли, генералот на Американската заедничка команда, да го притисне Зеленски да отпочне преговори со Русија. Но тоа е бакнеж на смртта од гледна точка на Украинците.

„Кога ќе постои можност за преговори, кога мирот може да се постигне, зграпчето ја“ – Мајли изјави.  „Зграпчете го моментот“.

Но, доколку не се остварат преговорите или не успеат, Мајли рече дека САД ќе продолжат да ја наоружуваат Украина, дури и воената победа да не изгледа веројатна за обете страни.

„Мора да постои вземно признавање дека воената победа во вистинската смисла на зборот не може да се постигне со воени средства, а затоа треба да се искористат други“. Ова е предупредување до Зеленски дека продолжената поддршка на империјализмот на САД не може да се земе здраво за готово. А ова, а не реторичките објави на Џо Бајден во Кијив или Варшава, ќе ја определат конечната судбина на Украина.

Постојат , според тоа, определени граници на волјата на САД да продолжи да ја праќа сметката за скапата војна без јасен крај. Вашингтон секогаш бил претпазлив во снабдувањето со напредно оружје што го бараше Кијив.

Ова е сигнал испратен до Москва дека САД не сака да снабдува оружје што би го заострил конфликтот, создавајќи потенцијал за директен воен судир помеѓу НАТО и Русија.

Со тоа се гледаат и опасностите што се имплицитни доколку ѝ се дозволи војната да продолжи. Постојат премногу елементи што не можат да се контролираат, што можат да доведат до спирала што би значела вистинска војна помеѓу НАТО и Русија.

Опасноста за таков развој се виде во ноември 2022 година кога светот се шокираше кога дозна од објавата на полскиот претседател дека неговата земја е нападната од проектил направен во Русија, каде Западните медиуми тврдеа дека Русија стои зад тоа.

Таа лага набрзо се разјасни кога од самиот Пентагон се објави дека проектилот што падна врз полската форма до селото Прзеводоу, близу границата со Украина е испалено од украинската армија.

НАТО и Полјаците побрзаат да објаснат дека е „несреќен случај“. Но, и покрај тоа што проектилот е С-300 противвоздушен проектил со многу краток дострел, што тешко да можеше да се истрела од Русија, Зеленски дрско лажеше и инсистираше дека ова е намерен напад од Русија.

Тој се надеваше дека тоа ќе му биде лост доволно моќен да бара уште повеќе оружје и пари. А во најдоброто сценарио (од негова гледна точка) можеше да ја втурне НАТО во одмазнички мерки против Русија, со интересни последици.

Ако инцидентот беше во насока да се придвижи НАТО против Русија, тоа ќе запалеше незапирлив синџир на настани што можеше да доведат до сеопшта војна. Не постои сомнеж дека Зеленски ќе профитираше од тоа многу добро со влегување на НАТО во војната.

Општ европски пожар ќе беше кошмар на милиони луѓе. Но за Зеленски и неговата клика тоа ќе беше одговор на сите нивни молитви. Природно ќе беше невозможно Американците да стојат на страна, топлејќи ги рацето од оганот.

Тогаш требаше да се пратат американски војници на земја. Одлични вести за режимот на Кијив, но воопшто не за Белата Куќа и Пентагон. Тоа не требаше да биде дел од сценариото!

Изгледите за нова руска офанзива го запали алармот на луѓето во Кијив. Со тоа се објаснува неодамнешното засилување на дипломатската офанзива на Зеленски: ненадејни летови во Лондон и Вашингтон, мелодраматичната појава на Бајден во Кијив и Варшава.

Зеленски е очаен човек. А очајните луѓе прават очајни работи. Јасно е дека постојат елементи во армијата на Украина и тајните служби кои гледаат да провоцираат да го вовлечат НАТО во директно учество во војната.

Инцидентот со проектилот на полска територија од страна на украинската армија беше таков случај. Постојат многу причини да се верува дека нова, посериозна провокација ја изготвува Кијив токму сега.

Вчера, Русија тврдеше дека Украина ги засилува обидите за инвазија на Транснистрија, сепаратистички регион на Молдова поддржан од Москва, и се закани со „одговор“. Ова е целосно возможно. Дали ќе се оствари или не, може да се претпостават нови провокации.

Што понатаму?

Поговорката на Наполеон дека војната е најкомплексната равенка од сите равенки останува да важи. Војната е филм со многу непредвидливи варијанти и можни сценарија.

Варијантата што со полна верба беше пласирана во Западната пропагандна машинерија уште од отпочнување на непријателствата  изгледа се валидираат со успесите на украинската офанзива во септември 2022 година, а подоцна со руското повлекување од западниот дел на Херсон.

Сепак, мора да се внимава на импресионистичките заклучоци извлечени од ограничен број на настани. Исходот на војните ретко се одлучува од една битка – дури и од нмеколку битки.

Прашањето е: дали оваа победа, или овој напредок, ја измени рамнотежата на силите што учествуваат, што самите може да го одредат финалниот резултати? Овие фундаментални прашања треба допрво да бидат одговорени.  Можни се различни исходи, зависно од како условите се развиваат и во Русија и во Украина и нејзините Западни господари.

Русија ги гради силите на истокот, ги зајакнува силите во Белорус, го зајакнува воздушното бомбардирање на воени цели и на веќе ослабената украинска инфраструктура.

До сега, Украинците покажаа невидено ниво на отпор. Но колку долго ќе се одржи еланот на обете цивилни популации и војниците на фронтот не е јасно.

Едно нешто е јасно, сепак. Следната руска офанзива нема да биде како претходната каде заврши во тежок неуспех. Русите ќе нападнат со бројност и со моќта која ја располагаат. А се чини дека Украинците, веќе сериозно ослабени со тешки губитоци и разрушена инфраструктура, ќе можат да пружат отпор.

Сепак, тоа нема да значи крај на непријателствата. Со цел да се обезбеди целосна победа, Русите ќе мора да одат малку понатаму, се додека целосно не ја разрушат украинската војска. Дали е тоа можно? Да, можно е. Русија има значителни резерви коишто сѐ уште не ги употребила, а кои и недостигаат на Украина. Но нема да биде и брзо и лесно.

Вестите за сериозни повлекувања на фронтот ќе имаат големи последици врз моралот. Конечно, ќе се појават расцепи во раководството на Кијив помеѓу десничарските националисти, кои сакаат да се борат до горкиот крај, и многу попрагматичните елементи, кои гледаат дека понатамошниот отпор ќе води во целосно уништување на Украина и дека излезот е во некој вид на спогодба.

Каков и да е резултатот, нема прашање за враќање на статус кво во Европа.  Се раѓа нов период на екстремна нестабилност, војни, граѓански војни, револуција и контрареволуција.

Алан Вудс, Лондон

24 февруари 2023