Нов поткаст на ИМТ: Интернационално марксистичко радио – почнува од 2023 година!

Уредувачкиот одбор на marxist.com е пресреќен што може да објави пуштање на серија на нов, седмичен поткаст од новата година. Спремете се за International Marxist Radio, официјален поткаст на ИМТ, за најдобри револуционерни вести, теорија и анализа. Тука за претплата на Спотифај и Епл подкаст!

[Source]

Забрзаната криза на капитализмот значи дека треба да ја зголемиме покриеноста, да помогнеме на нашата публика да ги разбере острите и ненадејни промени во светската политика. Растечката радикализација на работничката класа, а особено младината, како последица ја имаат и зголемената побарувачка за марксистичка теорија: единствените идеи способни за објаснување на метежот околу нас. Затоа ја преземаме оваа иницијатива со цел да се задоволат потребите во овој момент.

Поткастот ќе биде составен од седмични интервјуа, соодветни на најновите вести од марксистичка перспектива, како додаток на дискусиите на повеќе теориски предмети. Снимањето е веќе во тек и ние сме уверени дека нашите слушатели ќе уживаат во тоа што го имаме. Затоа, следете не!

Ќе ја пуштиме првата епизода во новата година. За сега, да ја рашириме веста за новото шоу! Кажете ни за кои теми ВИЕ сакате да се дискутира, споделете ја нашата реклама на социјалните медиуми, со хаштагот #IMR

Пред се, ИМР е глас на ИМТ, револуционерна организација определена за рушење на капитализмот и градење на социјализам за време на нашите животи!