Што се случува со работничката класа?

Macedonian translation "What's happening to the working class? By Mick Brooks (November 1996)

Современите буржоаски историчари и социолози често ја занемаруваат улогата на работничката класа со тврдењето дека е намалена и во број и во влијание. Некои одат дотаму и тврдат дека работничката класа повеќе не постои. Ништо не е подалеку од вистината. Ова е статија на Мик Брукс објавена изворно во британскиот гласник на работничкото движење Социјалистички Повик во 1996.

Што е работничка класа? Според „Комунистичкиот Манифест“, основачкиот документ на марксистичкото движење, таа е „класа на современи надничари, кои немајќи сопствени средства за производство, се доведени да ја продаваат својата работна сила за да преживеат.“ Класата е дефинирана преку твојот однос спрема средствата за производство. Капиталистичката класа живее од поседувањето. Работничката класа живее преку заработување. Работниците во јавниот сектор се секако работничка класа, иако тие не се изложени директно на експлоатација од газда.

Работниците како електричарите лесно можат да се префрлат од јавниот во приватниот сектор. Другите можат да се најдат во приватниот сектор, работејќи потполно исто како порано поради приватизацијата, како чистачите на договор или рударите.

Бидејќи разделните линии помеѓу класите, недвосмислено, се заматија, aкадемиците се обидуваат да најдат алтернативни дефиниции од оние на марксистите. Како основа некои социолози се обидоа да ги сметаат стиловите на живот. Сега, стиловите на живот биле важни. Ние, социјалистите знаеме дека рударите се работничка класа. Поважно, самите рудари знаат дека се работничка класа. Дури и луѓето кои седат по канцеларии и кои се обидуваат да им продат на рударите некој нов прашок за перење знаат дека тие се работничка класа. Поголемиот дел од нив живее во традиционално работнички населби. Но, повоените социолози ги превртеа работите наопаку. Тие знаеја дека традиционалната работничка класа живее во работнички населби. Кога увидоа дека некои делови од класата, како работниците во автомобилската индустрија, се селат од она што значи традиционална работничка населба, тие решија дека овие работници станале средна класа. Реалноста вели дека работниците во индустријата за коли се едни од најборбените и најсвесни делови на работништвото по Втората Светска Војна.

Пари

Најраспространето е мислењето дека класата е нешто во врска со парите што ги заработуваш. Но, она што ние навистина сакаме да го дознаеме не е толку многу количината на добиени пари, туку изворот од каде се добиени. Постои поприлична разлика во висината на платата помеѓу разните делови на работничката класа, иако никој не се збогатил со макотрпен труд, а и вашите „пристојни плати“ се кикиритки за еден капиталист. Често подобростоечките работници се најборбените – само така тие успеале да си обезбедат релативно пристоен животен стандард.

Друга дефиниција за класа е според занимањето. Вака не дели и Општиот Регистер (Завод за вработување, заб. на прев.) на Ц1, Ц2, или како и да е. Оваа дефиниција е исто така како стомна со дупки. На пример, „вешти мануелни работници“ може да бидат и вработени и самовработени.

Фабричкото производство е секако срцевината на производството на вишокот на вредност за капитализмот. Но, фабричкиот сектор, кој во 1970 вработувал 8 милиони, сега паднал на под 5 милиони вработени (во Британија).

Тоа е „деиндустријализација.“ Што значи тоа за кохезијата и силата на современата работничка класа? Како што ќе видиме работничката класа, која е производ на капитализмот, постојано се променува заедно со системот кој ја произведува.

Деиндустријализацијата е комплексна појава која се одигрува во сите развиени капиталистички земји, а највеќе во Британија. Има три можни објаснувања за деиндустријализацијата. Првата е дека ние сите сакаме да трошиме повеќе наши пари на услуги. Тоа е основа на тврдењето на ториевците од пред 10 години (ториевците се конзервативци, британска десница - заб. на пр.) дека “фабриките не се важни“ (погодна теорија да се докрајчи британската индустрија под ториевско синдикално раководство). Услугите ќе биле бран на иднината, а со побрзата деиндустријализација побрзо ќе сме стигнале до нашето место под сонцето! Истакнавме на многу места дека нема докази дека Британија и било која друга голема држава може да постои без индустрија со фабрики. Уште повеќе, услугите тешко се одредуваат и услугите не можат да се одвојат од другите сектори. Одморот во странство се смета за продажба на услуга, но критично зависи од авиоиндустријата и градежната индустрија на друга страна за да тој се оствари. Во секој случај, факт е дека трошиме помалку на фабрички производи од 1979.

Второто објаснување е дека стануваме се подобри и подобри во фабричкото производство, така што се помалку луѓе се потребни за производство. Точно е, се разбира, дека фабричкото производство е сектор на стопанството каде продуктивноста расте најбрзо. Помеѓу 1979 и 1989 трудовата продуктивност растеше за 4,9% годишно. Како резултат на крајот на декадата секој работник произведуваше 50% повеќе од почетокот. Но, не се произведуваа и повеќе фабрички добра во Британија. Она што се случи е дека помал број на работници произведуваше исто добра колку и во 1979 – раст без вработувања. Сега, треба да подразмислиме – сигурно има помалку работници во индустријата. Но, тие не ја загубија својата сила. Фабричките работници се сеуште важни за капиталистичкиот систем, иако нивниот број опаѓа.

Останува и третото објаснување. Вистина, сите главни земји се деиндустријализираат, но не така брзо ако Британија. Причината е пропаста на британското капиталистичко фабричко производство. Луѓето купуваат подеднакво фабрички производи како и порано – само сега не се произведени во британските фабрики.

Живот

Доволно е докажувано дека широко распространетите промени на професијата се нормални и неизбежни во животот на работничката класа, а овој процес се забрзува. Но, што е со средната класа? Ние го поделивме општеството на оние што поседуваат и оние што заработуваат. Ситната буржоазија е класа која и ги поседува средствата за производство и работи на нив за да живее. Во времето на Маркс, таа беше од далеку најбројната класа во сите континентални земји. Тоа претежно беа мали занаетчии или самостојни селани. Ситните стопанственици и во индустријата и во земјоделието се избришани со напредокот на капитализмот. Пред стотина години било доволно да се поседува пар алати за да се оформи чевларска работилница. Овие денови, една голема фабрика за коли би чинела 700 милиони фунти (1,1 милијарди евра).

Дури и во доцните 1950ти кога се воспостави заедничкиот пазар на Европа, 20% од населението живееше од сопствените мали фарми. Овие цифри сега се 2% - 3% во главните западни земји. Фармерството сега е големо стопанство.

Постои ли нова средна класа базирана на работниците со бели крагни (white collar workers)? Како што расте капиталот, така нему му треба поголема организација. Како што расте кон поголем хајтех (high tech), така му требаа повеќе техничари. Во дваесетиот век се случи експлозивен раст на т.н. услужен сектор.

Никнувањето на нови работни места за „белите крагни“, како на печурки по дожд, потполно ја еродира поделбата според статусот и истата е постојано под притисок. Повеќето од работниците со бели крагни немаат привилегии на овие места. Тие се едни од најнесигурните и најслабо платените. Луѓето кои работат на овие места се синови и ќерки на фабричките работници, кои знаат дека нема повеќе работни места во фабриката за нив. Овие луѓе се работничка класа, и се повеќе дознаваат за тоа.

Анализата на светот на промени на работата во смисла за исчезнувањето на фабричките места и постојано растечкиот неиздиференциран услужен сектор колку што открива толку и прикрива некои работи. Историски постојат два различни типа на професии на бели крагни – пролетеријат на бели крагни и т.н. професионална средна класа.

Обете, всушност, се делови на работничка класа, но нивното искуство на работа во минатото е различно. Тоа не е нова појава во капиталистичкиот живот. Во деветнаесетиот век постоеше силна поделба помеѓу работниците-занаетлии и неквалификуваните. Карактеристична е платната разлика од 2:1 за работниците - чираци со петгодишен стаж со останатите. Како што ќе видиме, во поголемиот дел на втората половина на XIX век работниците-занаетлии ја одржаат жива синдикалната традиција. Всушност, квалификуваните инженери беа под силен притисок при преминот на векот со воведувањето на нова технологија и менаџерски техники (ви звучи познато?). Квалификуваните инженери го раширија бранот на класна борба која ја зафати земјата околу Првата Светска Војна и претставуваа пропорционално голем дел од индустриските борбени работници кои ја формираа Британската Комунистичка Партија.

Разликата кај работниците-занаетлии е дека тие имаат монопол на нивната вештина. Никој не можеше да им каже да работат побрзо – тие го контролираа темпото на нивната работа. За капиталот, кој немилосрдно сака да го зголеми степенот на експлоатација, тоа беа лоши вести. Затоа постои тенденција во капитализмот да се разместуваат дејностите. Проблемот е што расстручувањето (deskilling) прави да се појави потреба за стручност на друго место. Тие можат да ги заменат квалификуваните работници на подвижната лента со роботи, но за тоа да се случи некој треба да ја напише компјутерската програма.

Со декади професионалната „средна класа“ можеше да се залажува дека не се работници. Никој не можеше да им кажува што да прават на работа како и кај работниците-занаетлии. Тие можат да работат според своето темпо. Но, истите механизми кои беа употребени за уништување на „привилегијата“ на занаетчиите се користи и против професионалците.

Подвижна лента (Assembly line)

Чувте? Наставниците повеќе не работеле со деца - тие ракуваат со влогови, приходи и додадена вредност (inputs, outputs and value added). Оваа гротескна злоупотреба на англискиот јазик има своја корист. Наставниците во нивниот свет како да се поставени на подвижна лента, еден од предметите на Офстед, заедно со школското ѕвонче и таблата кои сега се соодветни на фабричкото време и подвижните луѓе. Библиотекарите, лекарите и социјалните работници се подложни на годишни трудови инспекции како да произведуваат тенџериња. Заедно со негативната правичност на пазарот на недвижнини со право на откуп на хипотекарниот имот- заб на пр.) и несигурноста на работните места, капиталот ги нагризува сопствените социјални резерви и присилно ги потсетува тие што не сакаат да слушнат - „ сега и вие сте работничка класа.“ Пролетеризацијата е најголем општествен тренд во XX век.

Дефиницијата за класа беше важна за Маркс, бидејќи тоа е основна нишка за динамиката на политичкиот развиток и новата социјалистичка форма на општество која ја направи возможна преку револуционерна борба. Работниците се принудени да се освестат за своите класни интереси. „Не е важно што еден или друг пролетер или дури и целиот пролетеријат во моментот го смета за своја цел. Важно е, што е пролетеријатот и што, согласно неговото битие, историски тој е соочен да го стори“. Како што видовме, работничката класа не е хомогена грутка во која сите се со исто ниво на свест – таа е низа од слоеви.

Како го оценуваме развојот на класната свест? Една мерка, не и единствена, но важна за социјалистите, е развојот на синдикализмот. Работниците кои одлучиле дека нивните и интересите на нивните газди се така поставени да се судираат, се на патот да сфатат дека работничката класа и класата на газди немаат ништо заедничко. За четириесет години по револуционерниот Чартистички период, од 1850 до 1889, единствената стабилна синдикална организација во оваа земја беа синдикатите на работниците-занаетлии. Секако, класната свест била ограничена. Синдикатите вообичаено ја подржувале Либералната Партија. Во отсуство на државата на благосостојба, тие во многу случаји делуваа како пријателски друштва, нудејќи бенефиции при болест или невработеност. Сетете се кога добивате ѓубре-пошта од вашиот синдикат кој нуди осигурување на колата. Тоа не е ништо ново. Тоа е враќање на старите традиции кои движењето ги надраснало и повторно ќе ги надрасне. Бидејќи синдикатите на работниците-занаетлии имале монопол на нивната вештина, тие немале потреба за протесни линии за да добијат „дел за трудот“. Синдикатот само пуштал збор наоколу додека непомирливите шефови не се вразумеле. Штрајковите биле ретки. Постоела голема извесност. Било невозможно да се организирааат нестручните работници во синдикат бидејќи за штрајкбрехери секогаш повикувале невработени.

Тогаш, се прекрши оваа конвенционална мудрост. Неа ја предизвикале околу 1889 нова генерација на борбени работници, повеќето обучени социјалисти, со излегувањето на протесни линии и масовни акции. Тоа беше начинот да се организираат нестручните.

Настаните што следеа се исто така поучни колку што и сериозни. Во текот на следните декади придобивките од овој гигантски вознес постепено еродирале. Синдикалното членство воопшто не се зголемувало во текот на 1890ти. Дури и таму каде придобивките виселе на конец, нови општи синдикати преживеале нудејќи им пријателски социјални услуги и се повеќе и повеќе се затварале во сопствените граници од работниците-занаетлии од своите редови.

Американската Федерација на Трудот (AFL) беше во лоша положба во текот на 1920те, но издржи меѓу работниците-занаетлии во малите фабрики. Здружените текстилни работници на Сидни Хилман (Sidney Hillman's Amalgamated Clothing Workers) е типичен пример. Големите нови фабрики во индустријата, автомобилската и онаа за челик се сметаа дека не можат да се организираат. Тие беа раководени со комбинација на патернализам и насилството на шпионските хорди помеѓу самите работници. Навистина, Фордовата фабрика Ривер Руж во Диерборн, која му служеше за пример, не потпадна под Обединетите Автоработници се до 1941 од повеќе причини. И повторно нова генерација на организатори се обиде на нов начин. Во времето на Втората Светска Војна милиони на американски работници се вклучија во нови индустриски синдикати, а не синдикати на работниците-занаетлии, кои претставуваа подлежечки камен на движењето.

По Војната, капитализмот потчукна на резервната армија на работнички. Од старата генерација на машко-шовинистички синдикати ги слушнавме истите говори како на лидерите на синдикати на работниците-занаетлии пред стотина години. „Жените работат само за посни пари“ (што и да значи тоа). „Никогаш нема да ги пуштиме во синдикатите.“ Секако, следниот бран на масовна синдикализација во 1960те и 1970те се обрати на новата генерација на работници со бели крагни, каде има висока концентрираност на женска вработеност. Со овој бран синдикалното движење го достигна максимумот со преку 12 милиони членови. Во тоа време тоа беше значајно исто како и големиот потик во 1889, или големиот бран на штрајкови околу Првата Светска Војна, или масовната организација на американските работници во индистриските синдикати во доцните 1930ти.

Пад

Уште еднаш се наоѓаме во продолжен период на опаѓање на бројот на синдикалното членство. Од врвот од 12 милиони во 1970те, членството на TUC (главен синдикат во Британија, заб.на прев.) е паднато на околу 7 милиони. Причината за ова се гледа во крајот на поствоениот бум по 1973 и интензивирање (префрлување и зајакнување) на класната борба на најниското ниво, меѓу самите работници.

На пример, фабриките. Напоменавме дека периодот од 1979-89 беше декада на раст со невработување, со еднаков разултат на продукција остварен со помалку и помалку работници. Продуктивноста се качуваше годишно за 4,7%, во просек. Можеби ова беше заради инвестициона опрема, која треба да ги заменува старите, истрошени машини? Нема шанса. Нето (т.е. новите, во однос на замената) инвестициите се движеа од само 0,6% годишно за истиот период и всушност бил негативен за периодот од 1981-84. И тоа не е се. Неодамнешната статија во „Економскиот Журнал“ (‘Economic Journal’) признава дека во просек нето индустриските инвестиции за декадата биле седмина од периодот пред 1973. Масовната невработеност и непочитувањето на законите за заштита на работниците под ториевците ги ставија работниците на наковална. Имаше голема интензификација на трудот поради принудата врз вработените на потешка работа без легална исплата и под закана дека ќе бидат отпуштени – а не поради новата опрема. Работниците, денес, се ставени на менгемето на менаџментот.

Лозинката на овој напад е „флексибилност на пазарот на трудот“. Ако резонираме според оние учебници во кои главни термини се понуда и побарувачка, невработеноста се смета за зголемена понуда на работници. Причина за големата понуда била дека работниците наплатуваат премногу за своите услуги. Ако цената на способноста на трудот (работната сила) падне, работодавците ќе можеле да примат повеќе работници. Така „работниците си се преценуваат самите и остануваат без работа“ (‘workers are pricing themselves out of jobs’) како што ни кажа десничарот Лосон пред десет години.

Ториевците беа доволно љубезни со нас да ни помогнат да го направат пазарот на трудот пофлексибилен. Вистината е дека, нивната листа на „реформи“ е само долготраен напад на работничките права. Тие ги кастрираа синдикатите преку антисиндикалните закони. Тие ги гаснеа заштитните мерки против неправедно отпуштање и потоа потполно ги укинаа за милиони работници. Тие ги укинаа Советите за Личен Доход, кои обезбедуваа минимална гаранција за стапките на најниската плата. Тие ги искинаа законите со кои се ограничуваат работните часовите за жените и децата. Правата на мајчинство (породилно) се најлоши во Европа. Тие безмилосно ги скратуваа бенефициите за да ги принудат луѓето за најдат работа, без разлика колку се тие лошо платени или несоодветни. И покрај сета оваа „флексибилност“, повторно масовна невработеност, која дејствува како камшик за вработеното население. Ториевците трубеа дека „Британија е претприемачки центар на Европа“. А, вистина, тие сакаа да не променат од работилница на светот во аргатилница на светот (from workshop of the world to sweatshop of the world) (анг. sweatshop означува мала фабрика, во Третиот свет и во сиромашните региони на развиените земји, каде работниците работат долго време за мали плати под тешки услови – ова посебно се однесува за текстилната индустрија. - заб на прев.)

Колку далеку отидоа? Размерот на работното население со полно работно време и на постојано вработување падна од 56% на 36% за последните дваесет години, скоро на третина. Девет милиони ги загубиле своите работни места од изборите во 1992. Добро, повеќето нашле нова работа. Но, не под истите услови. Работните места со скратено работно време и со договори на определено време се распространија, при што капиталистичкиот камшик зафучи против трудот.

Флексибиност

Точно е дека работниците на Британија ги менуваат своите работни места почесто од, на пример, Германија. Значи ли тоа дека се пофлексибилни? Не баш. Германија се разви во висока продуктивна економија со високи плати по војната. Бидејќи капиталистичката класа морала да плаќа пристојни плати, тие морале да се осигураат дека ќе добијат продуктивна работа (а не само аргатски труд). Така тие обезбедиле обука. Работниците останувале во истата фирма бидејќи така тие можеле да заработат повеќе од друго место.

Британија е ноторно позната земја по тоа што има низок степен на стручна обука. Британскиот концепт за флексибилност на пазарот на трудот, значи дека вие може да се движите наоколу и да прифатите било каква работа, само доколку е нестручна. Нуди иднина во „МекРабота“, вртејќи хамбургери. Тоа ли е начинот на кој британскиот капитализам ќе се натпреварува во следниот милениум?

Демаркација

Менаџментот исто така се заострува да добие флексибилност и на самите работни места. Објавена е војна на старата демаркација на вработувањата помеѓу производствените работници и одржувачите. Овде лозинката е повеќестручност. И работниците од подвижната лента и чистачите се производствени работници во марксистичка смисла, бидејќи и едните и другите се делови од „колективниот работник“. Со други зборови, доколку чистачите не се на работа, работниците од подвижната лента мораат нон стоп да запираат. Спротивно на митологијата на менаџментот дека линиите на демаркација биле поставени од семоќните синдикати, имало голема смисла да се држат овие две активности разделени. Бидејќи работниците-занаетлии биле плаќани два пати повеќе од нестручните во Виктријанската ера, на менаџментот му изгледало бесмислено да им плаќаат да го бришат подот. Сега, сето тоа е исфрлено преку прозорот.

Многу од промените во светот на трудот што се случуваат се инспирирани од недвосмислениот успех на јапонскиот капитализам по Војната, успех над кого се надвиснал голем прашалник заради продолжената рецесија од 1990те. (трае и денес, 2003, заб. на прев.) Фактички, повеќето од менаџерските техники што се сметаат како типично јапонски, пионерските години ги поминале во САД. Една од нив е производството точно-на-време (just-in-time, JIT). Вообичаено, овој пристап е спротивставен со стариот „за секој случај“, каде фабричките складови држат мноштво на резервни производи. JIT беше можен во Јапонија поради тоа што големите компании зависеа од нивните ситни понудувачи и ги присилуваа да го превземат губитокот во продукцијата, понекогаш инсистирајќи некои делови да бидат испорачани во часот кога се побарани. Британските фирми, пак, често ги носеа огромни стоки во складовите со финални добра. Може да приметиме дека ова не е ефикасно, дека многу пари спијат по складиштата, но сепак и ова има некои предности за менаџерите. На пример, во старата фабрика за електрични алати Волф во Перивал, секој синдикалист кој размислува за штрајкувачка акција, сфаќа дека неговите работодавци можат со месеци да живеат од добивките со продавање на финалните добра без да загубат пари. JIT од друга страна значи дека секое запирање на производството веднаш се обопштува. Со тоа на релативно мала група на работници им се дава енормен потенцијал за фабричка сила.

Ториевците, кои тврдеа дека индустриската политика е валкан социјалистички трик, имале многу јасна индустриска политика во некој поглед. Две петтини од сите јапонски внатрешни инвестиции во Европа доаѓаат тука (во Бр.). Истражувањата покажуват дека јапонските капиталисти се плашат од Тврдината Европа ставајќи високи трговски тарифи за нивните добра во иднина. Ториевците ги потикнуваа овие инвестиции со потфрлување на полни кеси пари за овие компании. Како резултат, тие очекуваа дека со инвестициите ќе ги увезат и индустриските односи во јапонски стил, усредени во северозападот, северен Велс близу Мерсисајд и јужен Велс. Менаџерите се надеваат дека ќе ги променат нивните односи меѓусебно и со работната сила во оние од типот газда и слуга со свеж старт на зелените полиња, а ториевците се надеват дека локалните капиталисти ќе се фатат за овој пример.

Ова е поважно за работодавачите, бидејќи контра-офанзивата против трудот, во стварност, сеуште не ги трансформира однесувањата помеѓу самите работници. Без разлика на тоа што сведоци сме на најголемиот пад на членство во синдикатот од 1970те, да се присетиме дека за разлика од доцните 1920ти и раните 1930ти ова не е поради тоа што работниците ги кинеа своите синдикални книшки или се приклонуваа на сојузите на компаниите. Се случи милионите работници, кои имаа доверба кон синдикатот, да останат без работа во организираните работни организации поради вишоци или затварања. Повеќето од нив најдоа алтернативно вработување, но во сектор без синдикат со тешки услови. На свеста и е потребно време да стигне. Исто така во постоечките смалени фабрики (фабрики кои отпуштиле работници - заб. на прев.) менаџментот не успеа да ги потикне или создаде сервилна повеќестручна работна сила што ја посакуваа. Еден извештајот на Статистичкиот Завод за плати е насловен со „Митот за флексибилна фирма“.

Напад

Зошто сме нападнати сега? Нашиот одговор е дека капитализмот сега е во криза и дека ги истура ефектите врз грбот на работничка класа. За време на големиот поствоен бум од 1948 до 1973 животните стандарди на работниците и количината на профитите на капиталистите се качуваа секоја година. Секој беше победник. Алтернативно објаснување е дека сега влегуваме во ерата на „пост-фордистички“ капитализам, или флексибилна специјализација на производството како што понекогаш се кажува. Оваа нова ера е спротивна на методите од старото „фордистичко“ производство, карактеристично за поствоениот бум. Фордизмот се дефинира како масовно (сериско) производство и масовна потрошувачка. Добро е познато дека Хенри Форд не го измислил моторното возило, но тој прв ги применил методите на подвижна лента за масовно (сериско) производство на истото. Тој бил толку определен да ги ожнее економиите на обем (scale economies), така што не дозволувал да се бојадисуваат колите со друга боја освен со црната (такви се сите од Моделот Т Форд). Форд сфатил и дека за да ги продава колите, треба да има некој за да ги купи, па така тој ги плаќал своите работници однапред. (вистината е малку покомплексна. Подвижната лента во првите фабрики му создала пекол на Форд, а големи придобивки на трудот. Тој морал да ги зголемува надниците за да ги задржи работниците.)

Она што адвокатите на пост-Фордизмот го кажуваат, фактички, е дека поствоениот бум бил нестабилна рамнотежа. Поради релативната полна вработеност, работниците можеа да го подигаат својот животен стандард секоја година. Тоа не е допадливо за капиталистичката класа, но нема причина да започнат караница. Растечките животни стандарди обезбедија масовен пазар на потрошувачки трајни добра како автомобили, кои за прв пат беа достапни за милиони работници. Профитите беа прилично фини, а класната борба умерена.

Сега, времето ги згази. Новата ера се карактеризира со сегментирани пазари, а како резултат сериското производство се врши во помали фабрики. Точно е дека новите технологии можат да им дадат на луѓето од маркетингот способност лесно да ги идентификуваат релативно малите групи на потрошувачи и директно да целат на нив. Деновиве, колите се со разни бои. Лесно е да сметаме дека ерата на производство на коли или потрошувачка електроника е зад нас. Сепак, општествениот процес на работа не се дели толку нежно. Кога оваа земја беше работилница на светот, четирите големи извозни суровински индустрии беа текстилна, челична, бродоградежна и на јаглен. Рударството на јаглен отсекогаш било заробеник на геологијата на поединечното окно. Текстилните организации во минатиот век се ориентирале на материјал на сари или на афрички калапи. Бродоградбата секогаш била таква што не можела да даде сериско производство. Дури и челикот, класична индустрија на сериското производство по својата природа, често е поврзан со посебни потрошувачи како бродоградителите или возовите. Била ли викторијанската ера пост-фордистичка?

Градежната индустрија отсекогаш првично произведува вообичаени градбени единици и суштината на технологијата се нема многу променето за последниве двестотини години. Како резултат вработеноста останала речиси стабилна од преку милион работници за последниве 25 години, иако не од недела за недела или година за година како што ќе ви каже секој градежник. Фабричките шематски правила на фордизмот или постфордизмот не може да се применат.

Дали капиталистичките фирми стануваат помали, како што вели пост-фордистичката теорија? Еден од најсилните заклучоци на марксистичката теорија, а потврдено и тоа силно со развојот во последниот век е дека „еден капиталист убива многумина“. Натпреварот помеѓу различните капиталисти доведува до концентрација и централизација на капиталот. Растот на големиот капитал, пак, доведува до истиснување на натпреварот и ера на монополски капитализам. Постојат некои докази дека фабричката големина се смалила во просек за последниве дваесет години, во оваа земја. На тапет во големите рецесии во 1979-81 и 1990-92 беа ставени големите фабрики. Исто така зголемувањето на продуктивноста по 1980те доведе да фабриките останат попразни со работници. Во 1979 ние произведувавме 12 милиони челик со 200 000 работници. Денес оваа земја ги произведува истите количини но со помалку од 50 000 работници.

Концентрираност

Додека фабриките станувааат помали, фирмите стануваат се поголеми и поголеми. Сопственоста на производството станува поконцентрирано, иако самиот процес на производство не се случува во големи фабрики. Пред неколку недели видовме наслов „358 милијардери поседуваат имот колку што приближно поседува посиромашната половина од луѓето во светот“. Само бегол поглед на финансиските страници во било кој весник ни открива страници со вести за превземања и спојувања, соборувајќи ги рекордите секоја година.

Пост-фордистичката теорија сведува се на технологија, нова технологија која се идентификува со пазарните сегменти и елегантна технологија која служи за уредување на процесот на производство. Недвосмислено, промените кои се случуваат на работните места не се подбуцнати од информатичката технологија (скр. ИТ или IT). Како покажавме, британските капиталисти не инвестираат големи суми во ИТ, било да не измачуваат при работа или нешто друго. Секако дека компјутерите се најприметлива промена што се случила на работните места. Технологијата е оспособувач. Најголем дел од компјутерите се употребува за ситни услужни пополнувања на информации. Една од најголемите предности за менаџментот е дека тие, компјутерите, може да пружат податоци за резултатот од работата и да ја следат продуктивноста на работникот. Но останува фактот дека продуктивноста и инвестициите во економијата, заедно, побрзо отидоа напред во текот на поствоениот период отколку откако се појави ИТ. Или како што вели еден кејнсијански економист, Солоу „ја гледам информатичката технологија насекаде, освен во цифрите на продуктивноста.“

Деиндустријализацијата и префрлувањето во услужниот сектор значеше отварање на милиони нови работни места, мада не толку доволно да се ослободи од масовната невработеност. Но какви се тие работни места? Повеќето од новите работни места се создадени во услужниот сектор (фраза во која сме затрупани) и оваа работа за белите крагни е 25% помалку платена од соодветната фабричка работа која ја заменила. Постојаната работа со полно работно време, обично за мажите, е заменета со привремена работа со скратено работно време, често за жени. Голема шанса за менаџментот е постојано присутната закана за отпуштања и постоењето на милиони под социјална помош. 44% од оние со привремена работа велат дека ја прифатиле таа работа бидејќи не можеле да најдат постојана нормална работа. Истото и со вработените со скратено работно време. Мнозинството од нив сака постојана работа со полно работно време. Но, повеќето жени со вакво работно време велат дека сакаат да работат скратено. Тоа го велат бидејќи знаат дека во оваа земја ѓаволски многу чинат негувалките за деца или јаслите, највеќе во Европа. Некои од овие договори се со нула часови, на пример Бартон, или со други зборови, тие се јавуваат по телефон кога ќе посакаат, па вработениот треба да седи дома покрај телефонот. Убавината на привремените или работите со скратено работно време за менаџментот е дека сите работнички права се исфрлени преку прозор. Приметивме е дека има стремеж постојаните работи да се направат со привремени договори. Некои луѓе работат со привремени договори веќе десет годни во нашата општина. Сепак, тие немаат право на пензија, ни годишен одмор, ни боледување. Друг начин да се стават работниците на наковална е тендерот за присилен натпревар (compulsory competitive tendering) и договор за дело. Многу често оваа стратегија се однесува за секторите со ниска технологија или без технологија како болниците или возачите на автобуси. Единствената придобивка е дека старите договори се кинат и се поставуваат нови услови. Нема никакви приноси во ефикасноста, приватизираните возачи на автобус сеуште можат да возат само еден автобус.

Најлоши во ЕУ

Од кол на кол, работните услови во Британија се „најфлексибилни“, односно најнесигурни и најлоши во ЕУ. Британија е единствената земја во Западна Европа каде нема статутарен дневен одмор, нема дневно ограничување на максимален број на часови на ден, и нема принуден период за седмичен одмор. Просечните работни часови за седмица во Европа се 39, во Британија се 44. 16% од британските работници редовно се ставаат на повеќе од 48 часови. Во Холандија тој процент е 1,7%. Еден од четири британски работници редовно или од време на време рабти во ноќна смена. Следен најголем процент е Грција 17%, најсиромашен член за заедничкиот пазар. Во Германија само 9% работат ноќе. Близу две третини од британските фабрички работници работат во смени, повторно европски рекорд. Следната земја по висина на оваа стапка е Италија, 46%. Во Германија таа е 22%. Само Британија и Италија немаат статутарно платен одмор.

Неизбежната реакција на капиталистичките фирми или капиталистичките земји за нивниот неуспех, спореден со нивните ривали, секогаш се сведува на префлување на кривицата врз сопствената работничка класа. Тоа може да биде неизбежна реакција, ама воопшто не е одговор. Дури и ако „британската фунта“ се дограпчи до берзантските акции (а нема знак дека тоа се случува), тоа ќе го направи на сметка на нивниот капиталистички ривал. Тие пак ќе се нафрлат на својата национална работничка класа. Нема крај оваа игра, а нема ни победник. Стратегијата на владеачката класа е навистина во ќор-сокак.

Капиталот во Британија и во другите развиени земји треба да ни каже колку ниско очекува да ползиме за него. Најдобар суд изгледа е Кина, каде стотици милиони се подготвени да работат и 14 часови на ден за 1 фунта. Прост факт со кој и да сакаме не може да се натпреваруваме. Единствен излез за развиените земји во своето место во светот е да оди напред, користејќи ја акумулираната стручност и технологија за да произведува нешта што сиромашните не можат да ги произведат. Нема сомневање дека на британската индустрија очајно и е потребна модернизација. Но, тоа може да се постигне само со социјалистички план.

Датум: ноември 1996
Превод: Александар Атевиќ