Перу: Узурпаторот Болуарте прогласи вонредна состојба да го скрши националниот штрајк на 15 декември

Мобилизациите против државниот удар против претседателот Педро Кастиљо во Перу ја притиснаа владата на узурпаторот Дина Болуарте со 14 од 24 области под масовни демонстрации, штрајкови и блокада на патиштата.

[Source]

Движењето не успеа да се запре со репресијата, иако веќе се убиени 8 лица, меѓу кои и двајца малолетни, сите до еден од полициски истрели.

Во неколку јужни провинции на земјата на Андите, масите ги зазедоа аеродромите и ги нападнаа канцелариите на јавните обвинителства. Групи демонстранти ги окупираа гасните инсталации во Камисеа.

Растечкото масовно движење на работниците, селаните и младите брзо се шири низ целата земја за три или четири централни пароли: Слобода за Кастиљо, Распуштете го Конгресот, Нови избори и уставотворно собрание.

Разрешувањето и апсењето на Кастиљо на 7 декември беа искрата што го запали моќното движење што го доведува во прашање целиот воспоставен поредок. Кога работниците и сиромашните селани велат „сакаме уставотворно собрание“, тоа не значи само повторно пишување на Устав, издаден под диктатурата на Фуџимори, туку и коренита промена на целиот политички систем.

„Уште колку долго ќе бидеме под јаремот на капиталистите“ – изјави жител на Пазос, Хуанкавелика, на една од блокадите на патиштата овие денови. Идејата што ги тера илјадниците луѓе на побуна е „ако ние го избравме Кастиљо, зошто олигархијата мисли дека има право да го смени?“ Во основа, тоа што е на масата е сомнеж во буржоаската демократија, каде сите можат да гласаат, но тие што навистина владејат се неизбрано и паразитско малцинство на капиталисти, банкари, земјопоседници и мултинационални компании.

Маневри на олигархијата

Капиталистичката олигархија мисли дека луѓето се неписмени и затоа се неспособни да владејат. Тие никогаш не помислија дека наставник синдикалец, изворно потекнува од рондас кампесинас (независна селска патрола) ќе биде претседател на државата. За сите концесии на Кастиљо кон владејачката класа и повлекувањата од својата програма, тие никогаш не помислија дека е еден од нив.

Но, работничката класа не се глупави и одговорија на конгресниот-олигархиски државен удар со масовна мобилизација, под законска поткрепа на самиот Устав, членот 46 кој гласи „Никој нема да се покори на узурпаторска влада или кон тие што вршат јавна функција со насилство според уставот и законите. Цивилното население има право на побуна во одбрана на уставниот поредок. Дејствата на тие кои ги узурпираат јавните функции се ништавни.“

Според тоа, провинција по провинција се изјаснува за народна побуна против ваканцијата (правничка формулација што ја користат за отстранувањето) на претседателот Кастиљо. Неколку региони прогласија неограничен штрајк од 13 декември и се придружуваат повеќе. Движењето се шири од бунтовниот југ кон северот на земјата. Во главниот град, во овој момент младината, предводена од студентите на Сан Маркос и Ла кантута, го крчат патот против полициската репресија.

Растечката сила на мобилизациите почна да го дрма сојузот на државниот удар. Државните власти на неколку јужни провинции и области објавија Прогласи со кои се разобличува државната репресија и бараат нови избори сега. Националната асоцијација на регионалните гувернери испрати слично барање.

Узурпаторот, Дина Болуарте, која нелегално ја прогласија со заклетва изјави дека ќе биде на власт се до 2026 година, а потоа изјави дека ќе има избори во 2024, а сега е притисната во конгресот на дискусија на 15 декември, за избори во 2023.

Јасно е дека идејата за предвремени избори, водени од сегашните власти (конгресот и претседателот узурпатор) е обид на олигархијата да изнајде начин да не се влоши и те како експлозивната ситуација што ја направија самите.

Но тоа не е она што масите го сакаат. Кога работниците, селаните и младината ќе извикува на улиците низ земјата „избори сега“, оваа парола се поврзува со останатите пароли, почнувајќи од таа за ослободување на Кастиљо (и негово враќање на позицијата претседател), распуштање на Конгресот и имање на Уставотворно собрание. Капиталистичката олигархија сака да повика на избори… за се да остане исто и разгневените луѓе да се тргнат од улиците, пролштадите и патиштата.

Сите надвор денес!

Денес е важен ден. Сите организации на борба, работнички синдикати, наставниците, земјоделците и организациите на селаните, роднерос, студентите, регионалните фронтови на одбрана, комитетите за борба, поединците борци, повикаа на голем национален штрајки и демонстрации во главниот град Лима. Десетици илјадници маршираат од сите четири сујос (страни) на земјата.

Во паника, министерот за одбрана на 14 декември, прогласи вонредна состојба низ земјата од траење од 30 дена, со што се проширија мерките прогласени во Арекипа, Ика и Андехуајлас за 60 дена.

Министерот за одбрана, Алберто Отарола објасни дека „Националната полиција на Перу го држи под контрола редот и со поддршка на војската … прогласот за државна вонредна состојба значи суспензија на прават на собир, неповредливост на домот, слободата на патување, слободата на движење и личната слобода“.

Ова е вистински рпедизвик на движењето. Обидот да се спречи национален штрајк и мобилизација на 15 декември со помош на репресија. Во трите јужни области, каде армијата почна да ги чува јавните згради, мерките на вонредната состојба не го спречија движењето.

Буржоаските медиуми и политичките гласноговорници на олигаријата поведоа кампања на криминализација на движењето, обвинувајќи го дека е под контрола или манипулирано од герилата Сјајеј пат. Обвинувањето е смешно и „терукуео“ (да се клевети некој дека е терорист) што е во арсеналот на владејачката класа на Перу со години има се помало и помало влијание врз јавното мнение.

Меѓувреме,  максималните седум дена на притвор за Кастиљо истекуваат. Денес, судот треба да одлучи дали да побара од јавниот обвинител уште 18 месеци притвот пред судење!

За несреќа, мора да истакнеме дека признаетите лидери на левицата не се кренаа во оваа прилика. Поранешниот претседател на советот на министри на Кастиљо, Гуидо Белидо, кој апстинираше при гласањето за отстранување на претседателот, излезе со став за дијалог (кога полицијата нишани во демонстраторите) и се оддалечи од „криминалните дејства што го делегитимизираат мирниот протест“ и „актите на агресија и вандализам“ (!!)

Ова не смее да се толерира како одговор во одбрана од нападите на буржоаските медиуми што го таргетираат Белидо и другите конгресмени како Тело, Бермехо и Чавез, како „иницијатори на протестите“ и  кои ги обвинуваат без доказ „за олеснување пари и логистика за Мовадеф“ (организација за поддршка на правата на затворениците на Сјајен пат).

Она што Белидо требаше да го каже е дека насилството доаѓа од страна на олигархијата , узурпаторите и државниот апарат којшто се обидува да остана на власт. За обвинувањата  за „вандалство“ и „насилство“ мораме да одговориме дека седум од осумте убиени во последните неколку дена се од страна на полицијата која пука со огнено оружје. Кој е тука насилен? Кој е вандал? Мобилизираните луѓе имаат право да се бранат себеси од репресијата на нелегитимната влада.

Лидерите на Перу Либре, Владимир Керон, овака некако се изрази кога објави „Насилството е предизвикано од богатите кои управуваа со симнување на Кастиљо, сиромашните не одат да протестираат затоа што сакаат да загинат, туку затоа што условите ги примораа да тргнат по овој пат, да се слушне нивниот глас и нивната победа да се цени од претходните избори,што денес е одземено од нив.“

Работниците, младината и селаните мора да го урнат државниот удар!

Сепак, ставот на Перу Либре е намелен поради нивниот глас да се отстрани Кастиљо од Конгресот на 7 декември (со 6 спрема 3 гласа, со 3 воздржани).

Иако Перу Либре правилно инсистира дека се новите избори само по себе нема да решат ништо и предложија референдум за устав, Керон објасни дека го замислува новото Уставотвроно собрание како основање на „пофер соцјален пакт“ помеѓу работниците и капиталистите: „ Единствено со консензус помеѓу владејачката и доминантната класа може да има мир, а таа започнува со дебата за нов Устав во уставотворното собрание“.

Тоа што го гледаме е идеолошка конфузија во срцевината на Перу Либре, што иако се декларира како „марксистичка, ленинистичка и мариатекистичка“ во основа проповеда управување со капитализмот на „пофер“ начин за работниците и селаните. Мора да кажеме јасно: тоа не е возможно, а дури помалку веројатно во време на длабока светска капиталистичка криза, а уште помалку во земја демонирана од империјализмот како Перу.

Соочени со оваа ситуација јасно е дека работничката класа, селаните и студентите мора да се потпрат на својата сила. За да победат движењето мора да се прилагоди на организиран карактер, преку избрани и отповикливи делегати од секој град, населба, заедница и селска средина, обединети во големо национално Револуционерно собрание за работници и селани, што треба да ја зеде власта во свои раце и да ги отфрли капиталистичките олигарси еднаш за секогаш.

Следните неколку часа се одлучувачки.

Исфрлете ги сите надвор! Работниците мора да владејат! Експропријација на олигархијата и мултинационалните компании – без сиромаштија во богатата земја!