Кронштадт: Троцки бил во право!

Macedonian translation of "Kronstadt- Trotsky was right!" By A. Kramer. (December, 2003)

Капиталистичкиот печат, учените професори и буржоаските аналитичари се занимаваат со „тајните на Советските архиви“ веќе многу години. Постоеа спекулации за „страшните тајни на комунистичкиот режим“ со кои конечно ќе се потврдел „злобниот карактер“ на комунизмот.

По настаните од доцните 1980ти и раните 1990ти на историчарите најпосле им се дозволи да влезат во Советските архиви. Би требало да очекуваме мноштво ставични обвиненија. Но, резултатите за буржоаските историчари беа премногу разочарувачки. Секако, тие пронајдоа огромна количина на нови докази кои ги потврдуваат шокантните криминални дела на сталинизмот. Ние никогаш и немавме сомнеж во тоа. Троцки и неговите следбеници ги осудија овие злодела многу пред да се отворат било кои архиви. Следбениците на Троцки во Советска Русија во 1920те и 1930те од прва рака дознаваа за овој криминал бидејќи тие беа меѓу првите ги сносеа последиците од сталинистичката дегенерација. Илјадници од нив умреа од раката на Сталиновите верни следбеници.

Она што се надеваа да го најдат буржоаските историчари беше масата на докази кои би показале дека немало разлика помеѓу сталинизмот и здравиот режим со Ленин и Троцки во првиот период по револуцијата. Но, тие се соочија со големи проблеми при обидот да најдат документи кои ќе ди дискредитираат лидерите на Руската Револуција – Ленин и Троцки. Најтешките документи за добивање беа тие за лидерите на Левата Опозиција. Сега е јасно на секој историчар зошто е тоа така. Документите покажуваат дека учеството на овие лидери било клучно во настаните од 1917 и во формирањето на Советската држава.

Во последните десет години се објавени многу интересни извори за критичните моменти во Руската Револуција. Меѓу нив се две книги за најтрагичниот настан во Руската Револуција – тн Кронштадтски бунт.

Не е неопходно да се опишат сите аспекти на овој прочуен настан. Во почетокот на март 1921, во еден од најкритичните периоди за постоењето на советската Република, во морнарската база во Кронштадт, близу Петроград, се извршил обид за воен удар против Советската власт. Поради критичната состојба низ кој поминувал Советскиот Сојуз, Ленин и Троцки морале да решат што да прават со бунтовниците брзо. По отфрлањето на ултиматумот од власта за капитулација, Кронштадт беше освоен и заробен со вториот напад. Водачите на бунтот пребегнале во Финска.

При крајот на 1930те група на поранешни троцкисти, вклучувајќи го Виктор Серж, Макс Истман, Суварин и други, го нападнаа Троцки за неговото однесување за време на бунтот. (При тоа Серж си противречи на сопствените погледи искажани порано за време на бунтот). Тие ги опишаа настаните од Кронштадт како работнички и морнарски бунт против „болшевистичката диктатура“, и го гледаа кршењето на бунтот како „прв чекор кон сталинизмот“. Подоцно, овој нивен критицизам беше прифатен од другите анти-комунистички идеолози и пропагандисти. Троцки им одговори на овие луѓе во 1938 во неговата статија „Врева околу Кронштадт“ (на англиски Hue And Cry Over Kronstadt) каде ја анализира ситно-буржоаската природа на пучот.

Нема потреба да се повторуваат уште еднаш аргументите на Троцки кои може да ги прочитате во текстот на гореспоменатиот линк. Секој кој сака да ја дознае вистината може самиот да се увери. Мојата намера е да се истакнат некои од новите информации од неодамнешните документи – собрани материјали за Кронштадт.

Првата книга има чуден наслов „Непознатиот Троцки: црвениот бонапарта“ (Краснов В.Г. Москва, 2000). Обид да се опише улогата на Троцки за време на руската граѓанска војна. Втората книга - „Кронштадт 1921“ (Москва 2001) – се собрани материјали за бунтот во Кронштадт. Важно е да се нагласи дека ниедна од двете книги не е напишана од симпатизери на болшевизмот.

Популарната слика која ја сликаат анти-болшевистичките критичари е дека постоела раширена солидарност помеѓу тогашната Црвена Армија кон бунтовниците. Бројни се спекулациите за масата од војници кои одбивале да учествуваат во нападот од политички причини, а исто така и приказни за масовни дезертерства на црвеноармејците, при што многу од нив преминувале на страната на кронштадските бунтовници. Сево ова сепак е мит.

Она што навистина се случило е сосем поинаку. Постоело само едно преминување на една единица на страната на тие кои го бранеле Кронштадт. Тоа се случило за време на првиот неуспешен напад. Тоа бил баталјон на 561 полк. Овој полк бил со регрути од поранешни затвореници на Махно, Вранглер и Деникин. Добро познат факт е дека за време на граѓанската војна во Русија некои селански единици неколку пати ги менуваа страните како резултат на воени порази.

Постои и случај кога 236 и 237 пешадиски полк одбиле да нападнат. Нивната позиција била „не одиме на мразот“, „ќе си одиме во нашите села“. Овие селански единици биле преплашени од идејата да ја напаѓаат преку мраз првокласната тврдина бранета од борбени бродови. Постојат и други извештаи за одбивање да се спроведат наредби од страна на различни единици, но во сите овие случаји причините за тие нешта била лошиот квалитет на храната и облеката, лошиот квалитет на камуфлажа. Не биле дадени политички причини. Тоа лесно може да се разбере ако се присетиме каква назадна економија наследи младиот советски режим, а згора на тоа, тие беа принудени да ги користат средства во недостиг да се бранат од Белата Армија, потмомогната од империјалистите кои се обидуваа да ја задушат револуцијата.

И ситуацијата внатре во Кронштадт била различна од митот. Немало цврста бројка на војници, кои застанале позади бунтот. Дури и буржоаските историчари како Краснов, мораат да го признаат тоа. Внатре во Кронштадт постоеле судири помеѓу старите револуционерни морнари и новите регрути кои дошле од селански или ситнобуржоаски семејства. Овој факт се потврдува со тоа што некои бродови објавиле неутралност, а други се дигнале против бунтовниците.

Тука, вреди да се цитираат некои од изјавите на некои од екипажите на бродовите, помеѓу нив на „Урал“, „Орфеј“ и „Победител“: „Луѓето од Белата гарда кои го водат бунтот можат да и наштетат многу на Републиката, а тие може и да го бомбардираат Петроград“.

Истата ситуација се огледува и кај бунтовничките борбени редови. Од седмиот разузнувачкиот извештај на Армијата дознавме дека многу бунтовнички морнари и војници сакале да се приклонат кон страната на болшевиците, но биле тероризирани од нивните команданти.

Сепак, последниот клинец за ковчегот на анти-болшевистичката митологија изградена околу Кронштадт доаѓа потоа. Според документите објавени во овие две книги се појавуваат нови факти за она што се случило во градот. За време на нападот на Кронштадт, работниците од градот се дигнале против пучистите и го ослободиле градот дури пред да пристигнат главните сили на Црвената Армија. Она што навистина се случило не било бунт на работниците и морнарите против болшевиците, туку работничко и морнарско болшевистичко востание против „бунтовниците“!

Во изјавите на морнарите на Кронштадт се среќаваме со зборовите „ луѓето од Белите гарди кои ги водеа бунтовниците“. Тоа не се само прости зборови. Вистинската команда на бунтовниците не била концентрирана во рацете на советот на Кронштадт, како што некои наивни индивидуалци може да мислата, туку во тн „Суд за Одбрана на Тврдината Кронштадт“. Еден од нивните водачи бил адмирал С.Х. Дмитриев (кој бил погубен по падот на тврдината), другиот бил генерал А. Х. Кословски, кој побегнал во Финска. Обата постари офицери биле далеку од било каква симпатија спрема социјализмот „со болшевиците“ или „без болшевиците“.

Доста е пишувано и за С.М. Петреченко, морнар и анти-болшевистички водач. Интересно е дека тој бил регрутиран од Сталиновиот ГПУ во 1927 и бил еден од Сталиновите агенти се до 1944 кога бил уапсен од финските власти. Следната година умрел во фински концентрационен логор.

Вистинската приказна е дека работниците и морнарите на Кронштадт подобро ја разбирале стварната природа на овие бунтовници, многу подобро од подоцнежните интелектуалци кои се обидоа да направат мит за Кронштадт. Истото може да се каже и за контрареволуционерните сили кои работеле во Кронштадт. Бившиот Царски премиер и министер за финансии, а во емиграција директор на Руската Банка во Париз, Коковзев, префрлил 225 илјади франци на бунтовниците на Кронштадт. Руско-Азиската Банка префрлила 200 илјади франци. Ранцускиот прв министер, Брианд, за време на посетата со поранешниот амбасадор на владата на Керенски, Малахов, ветил „било каква потребна помош за Кронштадт“.

Троцки објаснил дека тн бунт во Кронштадт не било прво ситно-буржоаско, анти-болшевистичко движење што се случило за времен на граѓанската војна и револуцијата. Имало многу други движења каде луѓето биле предводени со слоганите„совети без болшевиците“, итн. Имало такви движења во некои фабрики во Урал и помеѓу ариските Козаци. Но, од тие искуства може да заклучиме дека во услови на некомпромисна класна војна овој вид на слогани може директно да води во таборот на средновековната реакција и варварство. Неможе да постои револуција без револуционерна партија. И повторно, обичните руски работници и војници во тоа време многу добро го разбраа тоа. Тие разбираа многу подобро од некои луѓе денес, меѓу нив од некои припадници на левицата.

Факт е дека многу обични членови на анархистичките, меншевистичките, социјал-револуционерните и другите партии учествуваа во советите со болшевиците, но не без нив. Постое огромни разлики помеѓу обичните членови на овие партии со нивните лидери кои беа комплетно со анти-болшевистички чувства. Во раните 1920ти локалните Советски власти во некои еврејски области во Украина бае потполно регрутирани од членовите на Бундот. Многу анархисти учествуваа во Револуцијата и во Граѓанската Војна на страна на болшевиците против Белата реакција. Тие исто така соработувале со новата власт се до подемот на сталинизмот. До ден денешен, овие храбри луѓе се сметани од некои модерни анархисти за „предавници“. Некои никогаш не учат!

Нема што да се плашиме од објавувањето на уште нови материјали од Советските архиви. Се надеваме дека во наредните две-три години повеќе документи ќе се најдат во овие архиви за долгата и славна борба на рускиот пролетеријат. Тоа со сигурност ќе значи повеќе информации за револуционерните традиции на руските работници.

Декември 2003

Додаток: Тед Грант за Кронштадт

Многу пред да се објави материјалот од Советските Архиви, Тед Грант ја објави својата книга „Русија од револуција во контра-револуција“ (1997). Она што го напиша тој за Кронштадт е потврдено од статијата на А. Крамер. Цитираме од Дел Први на книгата, страни 86-88 , од оригиналот на англиски:

Најсериозна беше ситуацијата кога се побуни морнаричкиот гарнизон во Кронштадт. Многу фалсификати е напишани за овој настан, кој се претвори во мит. Целта, како и секогаш, е да се дискредитираат Ленин и Троцки и да се покаже дека болшевизмот и сталинизмот се едно исто. Интересно е сепак, дека вревата околу Кронштадт ги обединува буржоазијата и социјал-демократските противници на Октомври со анархистите и ултра-левицата. Но, овие обвиненија немаат трошка вистина.

Првата лага е да се идентификуваат бунтовниците на Кронштадт во 1921 со херојските Црвени морнари од 1917. Тие немаа ништо заедничко. Морнарите на Кронштадт од 1917 беа работници и болшевици. Тие земаа главна улога во Октомвриската Револуција, заедно со работниците на соседниот Петроград. Речиси целиот гарнизон се пријави доброволно во единиците на Црвената Армија за време на граѓанската војна. Тие беа дисперзирани на различни фронтови од каде повеќето не се вратија никогаш. Гарнизонот на Кронштадт од 1921 беше составен главно од обични селани повикани од црноморската флота. Бегол преглед на презимињата на бунтовниците веднаш покажува дека речиси сите биле Украинци.

Друга лага е во улогата на Троцки во епизодата со Кронштадт. Вистински, тој немал директна улога, иако како Комесар за Војна и член на Советската Влада, тој потполно ја превзеде политичката одговорност за неговите и другите активности на владата. Завземањето на кронштадската тврдина од страна на бунтовниците ја стави советската држава во екстремна опасност. Тие само што завршија со крвавата граѓанска војна. Вистина е дека преговорите со гарнизонот беа лошо водени од болшевиците на чело со Калинин, кој ја запали веќе сериозната ситуација. Но штом бунтовниците ја завзедоа најважната морнаричка база на Русија, немаше место за компромис.

Главниот страв беше дека Британија и Франција ќе ја искористат својата морнарица да го окупираат Кронштадт , користејќи ја побуната како претекст. Со тоа Петроград ќе беше даден на нивната милост, бидејќи секој кој го контролираше Кронштадт го контролираше и Пероград. Единствен можен исход беше капиталистичка контра-револуција. Дека постоеле вистински контра-револуционерни елементи помеѓу морнарите покажува слоганот „Совети без болшевици“. На болшевиците им остана едно решение. Тврдината мораше да се освои со сила. Овие настани се случина за време на 10от партиски конгрес чии сесии беа прекинати за да се дозвони делегатите да учествуваат во нападот. Интересно е да се забележи дека членовите на Работничката Опозиција, полу-анархо-синдикалистичко крило присутно на Конгресот, исто така се придружија кон силите на нападот. Со тоа се става крај и на уште една лага, за наводната амалгамација помеѓу Кронштадт – анархизмот – Работничката Опозиција, три нешта кои немаат апсолутно ништо заедничко.

Виктор Серж, кој имл многу симпати кон анархизмот, неуморно се противел на бунтовниците од Кронштадт , како што покажува следниот пасус:

„Популарната контра-револуција се префрли од барањето за совети избрани слободно во ’совети без комунисти’. Да паднеше болшевистичката диктатура, тоа ќе беше чекор во хаосот, а од хаосот во селанско востание, масаКронштадт на комунистите, враќање на емиграцијата, и на крај, доследно на текот на настани, уште една диктатура, овој пат анти-пролетерска. Телеграмите од Стокхолм и Талин сведочеа дека тоа го имаа во умот емигрантите; телеграми кои, патем, ги зацврстија ставовите на болшевистичките водачи дека Кронштадт треба да се потчини побрзо и по секоја цена. Не размислувавме апстрактно. Ние знаевме дека само во европска Русија има повеќе од 50 центри на селански востанија. На југот од Москва, во регионот на Тамбов, Антонов, десен социјал-револуционер учител, кој прогласи укинување на Советскиот систем и повторно воспоставување на Уставотворно Собрание, под негова команда имал одлично организирана селанска војска, која броела десетици илјади. Тој преговарал со Белите. (Тухачевски ја потисна овоа предавство во средина на 1921.)“ -Виктор Серж, Мемоари на Револуционер 1901-1941)

На англиски јазик